Италијанската јавност беше посебно погодена од веста за трагичната смрт на еден од најголемите спортисти во историјата, поради љубовта која Брајант ја имаше за земјата во која самиот раскажа, имал најубави спомени од детството.
Коби во Италија дошол со семејството кога имал 6 години. Татко му Џое, по авантурата во НБА решил да продолжи да игра кошарка во клубот Риети. Од 1989 до 1991 година Коби поминал убави години во Реџо Емилија за што и самиот зборуваше понекогаш.
Брајант беше познат како голем навивач за Милан. Во пар наврати ја посети и базата во Миланело каде домаќински го пречекаа својот најпознат навивач на светот и му подарија неколку артикли од фан-шопот. Коби во тие прилики разговараше со фудбалерите на Милан и со новинарите. Во една пригода кажа дека во него тече „црвено-црна“ („sangue rossonera) и дека најомилен играч му е Ван Бастен.
In loving memory of a true legend: Kobe Bryant ❤ pic.twitter.com/4Ysb6FhZeQ
— AC Milan (@acmilan) January 27, 2020
Токму росонерите, вечерва од 20:45 на својот стадион го играат мечот од 1/4 финалето на Копа Италија, против Торино.
За овој натпревар управата одлучила играчите да играат со црн флор околу рацете, во знак на сочувство за смртта на Коби Брајант, а мечот ќе почне и со 1-минутен молк. Наводно секој клуб е независен во одлуката дали да носи црн флор или не, но во однос на 1-минутниот молк, тука треба дозвола од официјалните лица организатори на натпреварувањето.
На твитер во вторникот вечер се појавија коментари дека официјалната Лега Серија А го одбила барањето на Милан за 1-минутен молк пред мечот со Торино, но овие гласини се уште не се потврдени.
„Не би требало да чуди ништо од нив, тие се нелуѓе“, беше еден од коментарите на твитер.
На крај од клубот одлучиле да постапат како што е редот, да го испочитуваат својот Коби, по цена и да бидат казнети од Лега.