Инаку пилотот на хеликоптерот на Коби Брајант планирал да слета на аеродромот Бурбанк, но 15 минути кружел и чекал дозвола за слетување поради лошите временски услови и поради другите летала што требало да слетаат.
Непосредно пред несреќата пилотот го кренал хеликоптерот на повеќе од 600 метри, а потоа паднал на височина од околу 500 метри.
Хеликоптерот се урнал вчера околу 10 часот наутро над ридестиот терен во Калабасас, Калифорнија, на околу 65 километри од Лос Анџелес, најверојатно поради слабата видливост од густа магла. Сите 9 патници загинаа.
Прес конференција на полицијата од ЛА.