Мечот се играл на 26 јануари во градот Сантијаго дел Естеро на северот од Аргентина. Температурата во воздухот била 35 степени.
¡DE NO CREER😂! Ayer en el partido entre Central Córdoba y Colón de Santa Fe por la #SuperligaArgentina🇦🇷, los relatores de radio estaban sin camisas en las cabinas de transmisión por el calor infernal en Santiago del Estero. pic.twitter.com/kgIqZOh1la
— Actual Fútbol (@ActualFutbol) January 26, 2020
Сентрал Кордоба сезонава првпат во 48 години се пласираше во аргентинската Суперлига, а на стадионот изграден во 1946-та година нема никакви климатизери во коментаторските кабини. Но на дебито во најдобрата лига во земјата се пофалија дека на стадионот „Алфредо Терера“ ја реновирале салата за прес конференции.
А и мечот беше луд ко коментаторите. Колон имаше 25 шута наспроти 2 на домаќините, но единствениот гол на мечот го даде Сентрал Кордоба и тоа во 94’ минута од пенал.