Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
Се вика Лукас Масуеро, доаѓа од Аргентина и оди во Бугарија во Локомотив Пловдив да го оцрни и онака не баш популарниот фудбал. Луѓе ова нема логика, пет пати го изгледавме.
Челси го елиминираше Ливерпул во ФА Купот со триумф од 2:0, а Лампард во игра пушти 18 годишен клинец по име Били Гилмор. Сите денеска зборуваат за неговиот перформанс, а Фабињо си заминал дома со црвени обравчиња.
Копа Либертадорес уште е во групна фаза, ама се загрева полека она што ќе следува. Атлетико Параненсе од Бразил го доби Пењарол од Уругвај со маестрален гол на Гиљерме Бисоли во 77’ минута. Маестрален.
Фудбалската федерација на Македонија ги пушти билетите во продажба за полуфиналниот меч од Лига на нации меѓу Македонија и Косово. Уште прв ден имаше голем интерес, ама и една утка која ги изнервира тие што чекаа ред.
Македонските фудбалери, по баражот со Косово и цврсто веруваме историскиот пласман на Европско првенство 2020 летово, наесен ќе игра во група Ц од новото издание на Лига на нации.
Јуве има голем и силен ростер од кој може да извади две екипи и моќ која ја демонстрира 8 години по ред во Серија А. Интер донесе сериозен тренер и направи јаки трансфери кои му даваат за право да се надева на прво место, но таму од викендов е Лацио кој сезонава се однесува како Лестер пред некоја година.
Одложувањето на натпреварите во Серија А поради вирусот кои прво требаше да се играат без публика, само ги усложни работите од повеќе аспекти. Едно е хаосот со распоредот, а друго што го јадат стапот навивачи кои доаѓаат од џенем.
Кога во Јужна Америка се игра фудбал напладне по најјако сонце, тоа знае да биде сериозен подвиг за гледачите. Како на пример овие навивачи на Форталеза кои се наредиле по линијата од сенката од рефлекторот.
Во 4. коло од лигата на Република Ирска се сретнаа Шамрок Роверс и Дандалк, два клуба кои во последните сезони најчесто ја претставуваат оваа земја во еврокуповите. Домаќините победија 3-2 и сега се први на табела со 12 бода. Ама вториот гол за гостите што го даде Џордан Флорес тешко дека нема да влезе во трка за гол на сезоната.
На отворањето на сезоната во американската МЛС фудбалска лига, клубот чиј газда од скоро е Дејвид Бекам, Интер Мајами, изгуби со 1-0 од Лос Анџелес. Домашните навивачи го начекаа Бекс сам во вип ложата, па го скандираа најглупиот трол некогаш слушнат на трибини.
Нека не ве чуди насловот. Во Велика Британија обложувањето е од век и векова и таму може да се кладите на буквално што ќе посакате. Така комшии, роднини и другари на Стариџ добиле „дојава“ од него за кој тим ќе потпише, ама на крај останале со празни раце. Сега плус и ФА го одра.
Чикаго Булс тесно, со 109-107 го победи Далас Маверикс во чии редови Лука Дончиќ за 38 минути даде 23 поени, со 5 скока и 9 асистенции. Во последната секунда со големо чувство фрли еден шут од половина терен ама беше краток за малку. Нa околу 20.000 навивачи во „Јунајтед центар“ им се смрзна крв.
Не поминаа ни два месеци откако го снимаа и му викаа дека е луд за тоа што го изведе од слободен. Во тој удар имаше сила и ефе. Во овој има нешто што се вика фудбалска интелигенција, која не избледува без разлика што има 43 и игра фудбал само во балони.
Трофејниот италијански клуб никако не може да фати континуитет. Овојпат проблемот не е толку на теренот колку што е горе во управата. Бобан добива шут-карта затоа што крена глас, Малдини ќе си оди со него по сè изгледа.
Се вика Леѓан Мемушај, член е на Пескара и селекцијата на Албанија и изведе удар кој двајца голмани не го бранат. Од таму обично крилата нафрлаат, а овој мртов ладен ја спука во гол со лудачки лоб.
Од прва делува збунувачки, бидејќи толку неочекувано го искомбинираа ова што нема да сфатите кој од каде влета. Тројца ја изведоа шемата на мајсторски начин. Браво, доктори за правење акција од корнер.
Со ждрепката во вторник од 18 часот во Амстердам, почнува новото издание на Лига на нации (Nations League), второ по ред. Се зголемува бројот на натпревари, се менува форматот на лигите и групите.
Викендов во италијанскиот фудбал се поклопи една ситуација, односно коинцидент кој толку е неочекуван, што можеби и се нема случено во друга лига. Тренерите на првопласираните екипи во прва и втора лига се браќа.
Лажат за аут, корнер, фаул. Се тркалаат на земја за да изнудат црвен во машки дуел на центар на игралиште, така што овој пример од Бундеслига е непоимлив за 90 и кусур проценти од играчите. Арон Хант од Вердер пред шест години беше џентлмен број 1 во светот на фудбалот.
Роден на 20 декемри 1980-та во Лондон, Ешли Кол најголемиот дел од кариерата ја мина во овој град. Прво зод академијата на Арсенал направи 7 години кариера во првиот тим на „топџиите“ (2х титули во Премиер). Одигра 156 натпревари, па после на кратко беше во Кристал Палас пред да стане клупска легенда на Челси со кого од 2006 до 2014 освои Лига на шампиони, Премиер лига и Европа Лига. Два пати беше биран во најдобриот тим на УЕФА, а еднаш го избраа за играч на годината во Англија.
Често го гледаме на интервјуа и пресови, ама да го начека наш човек на разговор не е мала работа. Не само затоа што е рекет број 1 во светот, бидејќи денес е во Мелбурн, утре Дубаи, Лондон, Париз, Њујорк...Оди најди го слободен во Белград.
Откако Британецот го претепа американскиот боксер и му го нанесе првиот пораз во професионалната кариера, Деонтеј Вајлдер сега користи клаузула од договорот која му дава шанса да бара реванш.
Да, Ибрахимовиќ беше ѕверка во американската лига, медиумски атрактивен и плус се изнадава голови. Ама замислете дека има лик кој во МЛС е уште појак од Златан. Лани Мексиканецот Карлос Вела беше убедливо најдобар стрелец во МЛС, а сезонава ја отвори со страшен гол против клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами. Голов беше победнички.
Во првото коло од новата сезона во МЛС, Колумбус Кру освои три бода откако го победи Њујорк ФЦ, ама шутов на Луис Дијаз ако се појави на избори за најлош обид за шут, ќе го гласаме.