Честа да го седне на интервју Новак Ѓоковиќ ја имаше спортскиот новинар Бошко Тасиќ, а ексклузивното видео парче отиде во емисијата на Жаре „Еден на Еден“.
И покрај тоа што во фамилија немаат тениска традиција, со исклучок на малото искуство на тетка му, Новак за прв пат го фатил рекетот в раце на 4-5 години. Заслугата за тоа што е денес прво им ја впишува на родителите кои му помогнале во тој трнлив спортски пат, а потоа на неговите тренери во 90-те Јелена Генчиќ и Ники Пилиќ.
Освен големото 15 годишно искуство, како причина за епските кам бекови како оној на последниот Вимблдон против Федерер ги издвојува големата посветеност на сопствените тренинзи, умот како и техниките за носење со притисок и стрес.
Свесен е колку луѓе од Македонија навиваат за него и се надева дека наскоро ќе не посети, особено Охрид кој меѓу другите луѓе многу му го фалеле и мајка му и татко му.