Што играчиште беше Ешли Кол на времето

Роден на 20 декемри 1980-та во Лондон, Ешли Кол најголемиот дел од кариерата ја мина во овој град. Прво зод академијата на Арсенал направи 7 години кариера во првиот тим на „топџиите“ (2х титули во Премиер). Одигра 156 натпревари, па после на кратко беше во Кристал Палас пред да стане клупска легенда на Челси со кого од 2006 до 2014 освои Лига на шампиони, Премиер лига и Европа Лига. Два пати беше биран во најдобриот тим на УЕФА, а еднаш го избраа за играч на годината во Англија.

2 март 2020 - 14:49