Offside

Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.

Саво и Деки реални и искрени со свој речник

Да ги одмориме малку Клоп и Мурињо и да видиме како изгледаат шегите на балкански терен. Во очи на големото дерби Звезда - Партизан, поранешните српски репрезентативци Милошевиќ и Станковиќ на симпачитен начин направија смешка во прес центарот.

Улична тепачка меѓу навивачи на Црвена Звезда и Партизан

Белградското вечно дерби се одигра на стадионот „Рајко Митиќ“ и заврши без голови. Пред, за време и после дуелот низ градот имало неколку инциденти меѓу навивачите на двата клуба.

Нестварен фудбалски потег во Полска

Нема зборови што може да го опишат ова ремек дело од интервенција во полскиот прволигашки фудбал. Дечково се вика Мачеј Домбровски, игра за последнопласираниот Заглебле Лубин и во обид да расчисти опасност го направи најневеројатното.

Зошто Хофенхајм и Баерн Минхен цели 15 минути само си ја подаваа топката?

Баерн гостуваше кај Хофенхајм и славеше со убедливи 0:6, но она што го направи овој меч ударна вест во сите спортски медиуми беше нешто сосема друго.

Во Мексико падна голот на сезоната

Андре-Пјер Жињак е повремен француски репрезентативец. Веќе неколку сезони е главен играч во мексиканската лига. Игра за Тигрес. Синоќа на мечот против Пумас даде три гола од кои третиот му беше тотално луд.

Вардар поразен од Монпеље и речиси извесно го знае ривалот во 1/8 финале

Ситуацијата е таква каква што е, европскиот првак мора да се задоволи со 6. место, последно од групата кое води во следната фаза. А таму најверојатно ги чека стар познаник.

Најбаналниот автогол на сезоната е дело на голман во Франција

Толку е ова глупо, што човек не може да го сконта и објасни, а се случи во втората француска лига на мечот Каен - Гренобл конечни 2:0. Па ова не проаѓа ни на тренинг.

Адеми ја тресна Ријека за само 24 секунди

И покрај тоа што има задача да држи среден ред, Аријан Адеми често знае да се пробие во шеснаесетник како воз. На мечот Динамо - Ријека тоа го направи за рекордно време во кариерата и го постигна веројатно еден од најбрзите голови во хрватскиот фудбал.

Што се смеете бе, па немам и на задникот очи

И во право е човекот. Слаб е, висок, вежба, се труди и сега на сè ли да мисли? Сите застанати за сеир, а да му викнеше некој: „Пази леѓа“.

Грам респект да се немало

Сите ние познаваме барем по еден јак жонглер во маало кој броел до 100. Ама тоа обично го правел додека се загреваме за фудбал или серва. Ова е друго.

Најинспиративниот кошаркарски херој

Да не може човек да се изначуди со колкава жар и борбеност ја игра кошарката. Од трчање, крадење топки, влезови под кош, шутеви, асистенции. Дечково е неверојатен што сè може да направи, без разлика на неговата состојба.

Пуздер правам од противнички играчи

Арсенал и Олимпијакос одиграа луд реванш од Лига Европа. Со продолженија, со голови, со пречки, со шанси со драма. Интересен беше и слаломот на Николас Пепе кој издрибла пола екипа на Олимпијакос, ама залудно.

Тиквеш со краток ростер не можеше да му парира на Пекабеско

Во последниот ден од 17. коло во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Рамстор, Макпетрол и Пекабеско.

Жени и деца на играчи на Хетафе гаѓани со пиво

Група навивачи на Ајакс синоќа си го извалкаа имиџот и тоа на доста нељудски начин кој од нив баш и не се очекуваше. Фатиле да маваат со пива и други предмети и тоа по деца и жени на гостинските играчи. Една од гневните снимаше и раскажуваше што се случило.

ЛЕ: Јунајтед против изненадувањето на сезоната

Од неколку прифатливи противници, Рома падна против клубот кој најмногу во историјата го има освојувано трофејот во Лига Европа и буквално „ја сврте игрицата“ во ова натпреварување. Интер против незгодниот Хетафе.

Махер на колото за 9.000 евра

Ни стигна мејл од извесен Перо кој вака ни пиша на кусо: „Во Италија вака играме“. Добивката му е за почит, а уплатата 150 евра. Наредил 11 пара кои на кладилничарски речник се викаат сигурици. Брависимо.

Како полиција на фудбал без потреба знае да направи голема гужва

Фудбалерите на дански Копенхаген направија големо изненадување откако во пар минути му дадоа два гола на Селтик во Шкотска и со 1:3 се пласираа во следна фаза.

Штосен пенал на Бруно и пофалби од Сколс за играта

Кога на Олд Трафорд можеш веднаш да се прилагодиш и веќе во првиот месец да се истакнеш со два гола и две асистенции, а згора на тоа да те фали една од најголемите легенди на клубот, тогаш тоа е тоа. Ќе те биде, односно те бидува веќе.

Дурент бара легализација на марихуана во НБА

Еден од најдобрите кошаркари на светот, Кевин Дурент, кој ја пропушти сезонава поради операција на Ахиловата тетива, уште еднаш им даде силен ветер во грб на поборниците за легализација на канабис на многу места.

Што прават навивачите на Ајнтрахт кога мечот е одложен?

Одамна е познато дека Ајнтрахт Франкфурт ги има најверните навивачи во цела Германија. Би го бодреле клубот и на Марс ако треба. Во четвртокот нивниот клуб требаше да игра против Салцбург реванш од Лига Европа (првиот меч го доби Ајнтрахт со убедливи 4:1), ама средбата се одложи за денес поради најава за оркански ветрови во Австрија. И што да прават дечкиве? Отишле на хокеј меч Клагенфурт против Салцбург II и навивале за гостинот. Само да е против Лајпциг или Салцбург чиј спонзор е Ред Бул.

На Емирати уште се држат за глава поради уткава во 123-та

Џабе ножичките на Обамејанг кога Олимпијакос ги исфрли од Лига Европа среде Лондон, а истиот тој Обамејанг во последните секунди од мечот се посрамоти за сите пари. Каков резил пред гол кој е долг 7 метри. Имаше шанса да го спаси Арсенал од срамот.

Доаѓале екипи и екипи, ама ваков потег немало на „Олд Трафорд“

Клуб Бриж на првиот меч против Манчестер Јунајтед во Лига Европа одигра достојно (1:1). На реваншот во Англија се држеа 22 минути, ама тогаш нивниот стопер Симон Дели направи будалеста работа, помисли дека е голман и тргна со рака да брани еден шут.

Многу смешен гол на Лукаку против бугарскиот шампион

Интер го победи Лудогорец прво на гости 0-2 во Бугарија, па на реваншот пред празни трибини поради коронавирусот во Италија, се намачи. Бугарите поведоа со 0-1, па Интер мораше „да ја врти“ преку Бираги и Лукаку. Овој вториот даде многу интересен гол.

Интер едвај со Лудогорец, Арсенал елиминиран од Олимпијакос!

Јунајтед, Интер, Шахтјор, Хетафе, Копенхаген, Олимпијакос и Севиља им се придружија на клубовите кои неколку часа претходно обезбедија пласман во осминафиналето на Лига Европа. Олимпијакос го потопи Арсенал среде Лондон.