Offside

Трето важно поглавје во Италија за македонскиот дијамант. За жал нема да фати ЛШ, но ќе игра на меѓународна сцена.

Баџо, Јуве во Фиренца и култниот шал од трибините

Во 1991 година Роби Баџо се враќа во градот на Медичи откако со голем успех го носеше дресот на Фиорентина. Доаѓа со неговиот нов клуб Јувентус и во еден момент од мечот одбива да го изведе пеналот за Јуве. Му го дава на Де Агостини кој промашува и Фиорентина на крајот слави 1:0 со гол на Диего Фузер.

Кога Меси си поигра со Арсенал, ама четири пати

Од тој меч поминаа 10 години, а Барселона и Арсенал се сретнаа во четвртфиналето на ЛШ. Едноставно ги потепа и ниту еден друг играч во историјата на елитното натпреварување нема постигнато толку голови против англиските екипи.

И домашните навивачи станаа да му аплаудираат

Сеќавањата се уште свежи, бидејќи Бундеслигата го доби овој гол пред точно една година. Никој не очекуваше дека 19 годишниот Матеус Куња од Лајпциг вака мајсторски и елегантно ќе се ослободи од сендвичот на двајцата дефанзивци на Баер Леверкузен.

Почина Радомир Антиќ, единствениот тренер кој ги водеше Реал, Барса и Атлетико

Трофејниот српски тренер кој седеше на клупата на најголемите шпански клубови Реал, Барселона и Атлетико Мадрид, починал во клиниката „Рубер“ на 71 година во главниот град на Шпанија, од сепса и проблеми со панкреатитис.

Гигантот од Минхен е прв клуб кој се врати на тренинг

Германската фудбалска лига им наложи на сите клубови да не се враќаат на терен до 5 април. Веќе на 6-ти април Баерн Минхен почна со тренинзи.

Па немаше сонце бе Томе

18 години поминаа, така што можеби некој заборавил, ама тука сме да потсетиме. Се случи на денешен ден во Бундеслигата и не се повтори, а главен актер е култниот Босанец Томислав Пиплица во дрес на Енерги Котбус против Борусија Дортмунд.

Два метри со пречки на човек кој не е за домашна изолација

Сега веќе не е ниту во состојба да размисли каков невозможен тренинг уствари сакаше да изведе. Забранете му го карантинот за да го ослободите од главоболки.

Блесокот на Скопје пред Реал, Манчестер и цела Европа

Играорците „Блажевски“, „Етнос“, „Фолклор“ и „Куд Орце Николов“ како фолклорни ансамбли + децата со оштетен слух од училиштето „Партение Зографски“ кои со сознаковен јазик ја изведоа „Sky full of stars“ од Колдплеј.

Враќајте фудбалот, Џеки Вилшер полуде

Фудбалот после Втора светска војна не доживеал волку долга пауза. Од напорни тренинзи, жестоки натпревари секој втор ден дури и за празници и Нова година, фудбалерите доживеаа да мора да седат дома затворени. Тоа веќе си носи последици.

Кога Дејли Мирор дал 40.000 фунти за реклама на стопалата на противник на Мајк Тајсон

Во јануари 2000 година Мајк Тајсон првпат во кариерата боксуваше во Европа. И тоа во индустрискиот Маннестер, центарот на работничката класа и една од престолнините на боксот.

Оди повтори го ова да те видам

Ние тројца, тие тројца плус голман. Не можеш да ги пратиш, а не па да ги спречиш. Едвај 4 секунди им траеше акцијава.

Бразилска легенда продаде колекција дресови да купи хуманитарна помош

Бразилецот Даниел Карваљо (37) во својата кариера играше за многу клубови во татковината, а во Европа се прослави во дресот на ЦСКА Москва каде со голем успех играше од 2003 до 2010.

Нов предизвик од Кристијано, полустомачни за 45 секунди

Кристијано Роналдо објави нов челенџ на Инстаграм. Работата е проста: за 45 секунди да направиш што е можно повеќе полу-стомачни.

Не тој Роналдо бе тато

Тоа е, ако не сакаме да бидеме како Валдерама и Фелаини во косите, ќе мора и сами да почнеме да се шишаме, ама сами, а не да имате такви барања од татковците, па после Цацко ви е крив.

Го паметите ли единствениот меч на кој се сретнаа Роналдо против Роналдо?

Кристијано Роналдо и Бразилецот Луис Назарио да Лима Роналдо се луѓе од разни епохи, иако Бразилецот е постар само 8 години од Португалецот и неколку пати беа близу средба од натпреварувачки карактер.

Дражен Петровиќ vs Хаким Олајџувон, необјасниво

Луѓе, останавме без зборови. Погледне каква балканска финта му продаде легендарниот хрватски кошаркар на славниот центар на Хјустон. Ај еднаш, ама два пати да го сецнеш? Коментаторот со врвен коментар: Новчаникот му го украде.

Зарем некој му дал појак гол на Баерн од овој?

Се сеќавате на Бразилецот Графит така? Ја освои Бундеслигата со Волфсбург 2008/2009, беше прогласен за играч на сезоната и го даде голот на сезоната во Германија.

Роналдо има бербер по дома, не мора да излегува

Глобалната пандемија со Ковид-19 секојдневно покажува дека периодов не игра баш голема улога дали си Кристијано Роналдо или обичен смртник.

Славен Билиќ за фасцинантната култура на одење на стадион во Британија

Најдобриот хрватски тренер кој во кариерата седеше на клупата на Хрватска, на Локомотив Москва, Бешикташ и Вест Хем, сега го предводи Вест Бром. За свој сонародник кој му дошол на гости кажува како во Англија се гледа на фудбалот.

Шарапова го објави телефонскиот број, да ѝ праќаат рецепти

Некогашната најдобра тенисерка на светот, Русинката Марија Шарапова им предложи на своите следбеници на социјалните мрежи слободно да ѝ пишуваат пораки.

Дрогба и Ето збеснаа за предлогот од Франција вакцините да се тестираат во Африка

Едни од најдобрите африкански фудбалери на сите времиња, Дидие Дрогба и Самуел Ето се меѓу првите кои жестоко реагираа на гласините дека вакцината би можела да се тестира прво во Африка пред каде било на друго место.

Пандев му дава гол на Јуве, а Јанко урла на мегафон

Леле какво видео начекавме. Наша ТВ да ти давале италијански куп, памтите вие ова? И тоа со Јанко на коментаторска позиција. И да, точно е тоа од насловот, мегафон користи во студио, ама и труба. Врв.

Дали сте ги виделе најдобрите голови во кариерата на Јирген Клоп?

Јирген во 1990-та потпишува со Мајнц, клуб во кој помина најголем дел од својата играчка кариера и на 325 меча според германската Википедија, постигнал 52 гола. Еве ги Топ 5:

И сега Бијабијани знае кај игра?

Сигурно го памтите од Парма? Или па од Интер? Чекај овој во Парма играше или во Интер? И таму и таму, ама проблемот е што ако го прашаш сигурно и тој не знае по колку пати ги менувал тие два дреса.