Од кога Португалија се снабди со африкански фудбалери од земји кои им биле колонија

Во репрезентацијата на Португалија може да најдете фудбалери со разни етнички корени. Предците на многу од нив биле дојденци од Африка кои бегале од сиромашни земји во многу побогатата Португалија. Токму таков им донесе злато во 2016-та.

Приказната околу дојденците од Африка во Португалија потекнува од тоа што оваа земја од брегот на Атлантскиот океан поседувала огромни колонијални територии во разни делови од светот и имала цела империја.

Најголема земја која била под португалска власт бил Бразил кој станал независен во 1822 година. Еднакво важна улога во земјата европски фудбалски шампион, играле и други африкански колонии.

ПОЧЕТОЦИТЕ НА КОЛОНИЈАЛНА ЕПОХА

На почетокот на ХV век огромно влијание во Западна Европа имала Шпанија која вршела постојан притисок на португалското кралство. Така Португалија како територија од една страна опкружена со океан, а од другата се граничела само со Шпанија, па Португалците потегнале прашање од неопходност за освојување нови територии.

Територијално проширување кон копно не им било можно па решиле да создадат голема флота и да ги освојуваат јужните земји. Во многу извори основач на португалската колонијална империја се споменува Хенрик Морелопловец под чие раководство Европјаните откриле многу неоткриени земји.

Но негова главна желба била да го освои африканскиот континент и да најде маршрута до Индија за да открие нови трговски патишта. 

Почнале редовни експедиции по западните брегови на Африка од каде португалските морелопловци се враќале со мнгоу злато и со локални жители земени како робови. До крајот од животот Хенрих Морелопловец не успеал да стигне до екваторот. Тој умрел во 146- година и во тоа време португалската флота успеала да стигне до Сиера Леоне.

Најголемо откритие во тоа време биле островот Капе Верде како и крајните западни точки на Африка (Сенегал и Алмади). Кога тргнале на југ во 1474 година на овие територии била основана нова колонија која го добила називот Португалска Гвинеја.

Оваа мечта на Хенрих Морелопловец да се шири по Африка се појавила и во животот на друг познат порталски патешественик - Васко да Гама кој со својата флота од 1497 до 1499 го имал првото патешествие во Индија преку Атлантски океан кога стигнал до Африка.

Во 1898 година во чест на првиот морелопловец во Бразил е наречен и спортскиот клуб од Рио де Жанеиро.

Во следните десет години Португалија продолжила да освојува нови земји во разни области. На крајот од VIII век кралството владеело практично во секој дел од светот со исклучок на Австралија.

Но во следните стотина години свои воени походи започнал и Наполеон Бонапарта кој штотуку дошол на власт во Франција. Во 1807 година тој направил инвазија во Португалија и како резултат на тоа се случил економски удар и пад на авторитетот на меѓународна арена на Португалците.

Ова донело до слабеење на влијанието на земјата врз други територии па со тек на време им завршиле експанзиите во многу колонии меѓу кои и Бразил.

Под португалска власт останале само Ангола, Мозамбик, Гвинеја Бисао, Капе Верде, Сао Томе и Принсипе, Макао, Источен Тимор и Португалска Индија. Со исклучок на последнава земја, на сите останати територии португалскиот јазик е еден од официјалните.

КАРАНФИЛ РЕВОЛУЦИЈА И ВОСПОСТАВУАЊЕ НА НОВА ВЛАСТ

Во 1908 година последниот португалски монарх бил убиен заедно со своето семејство во Лисабон. Ова убиство на царот го извршиле републикански терористи кои дошле на власт и таму останале во следните 16 години - ја основале Првата Португалска република.

Во 1926 година во Португалија се случил прв преврат. Овој пат власта по насилен пат ја освоил Национален сојуз кој бил единствена десничарска партија во земјата до 1974 година.

Тој период во Португалија се памети како ера во која конзерватори ја воделе земјата и биле блиски со италијанските фашисти па во државата се воспоставила национална диктатура.

На 25 април 1974 година воено-политичката организација „Движење на капетани“ извршила уште едно насилно свргнување на власта кое било трето такво за државата во ХХ век.

Тој преврат бил наречен „Каранфил револуција“ поради една интересна сторија. Во април таа '74-та во Португалија цветале каранфили и има мит дека кога востаниците дошле во Лисабон една од локалните жителки распослала цвеќе врз оружјето на еден војник за да покаже дека револуцијата треба да помине без крв. Овој пример го следеле и другите борци а цвеќе можело да се види и на цевките од тенковите.

Називот „Каранфил револуција“ станал прв ненасилен преврат наречен во чест на убавиот цвет. После цветен назив имале и револуции во други земји: Египет (лотос - 2011), Тунис (јасмин - 1987, 2011), Мексико (кактус - 2006), Белорусија (различник, василек - 2006) и Грузија (ружа - 2005).

Но од тој момент во Португалија конечно се воспоставил демократски режим. Неговите принципи биле зацврстени после две години. Уставот на Португалија донесен во 1976-та важи до ден денес. За 44 години имал само 5 корекции а последна промена на уставот била извршена пред 15 години.

ПРОМЕНА КАЈ КОЛОНИИТЕ

Демократското владеење во Португалија испровоцирало неколку мирни преврати во сите колонии кои биле зависни од оваа земја. Во тоа време практично во секоја земја-колонија имало народни движења кои објавувале независност. До крајот од 1975 година Португалија изгубила голем дел од своите прекуморски територии кои и останале уште од времето на Наполеонските походи. Во 2020 година нејзини автономни територии се само Азорски острови и Мадеира.

Интересно Португалија по својот состав е мононационална. 99% од населението се смета за домашно а мал процент се сметаат за дојдени од Африка. После револуцијата во 1975-та почнале миграции, луѓето почнале да се селат во други земји па пример во Капе-Верде 71% од населението е мулатско - мешавина од африканци и европејци.

Многу фудбалери со португалски пасоши имаат корени од други народи а некои имаат и втори пасоши. Ова е од причина што многу играчи се родиле во земји кои претходно биле колонии на Португалија и во детството се преселиле во оваа земја.

Да не се заборави и дека во 1966 година до полуфинале на Светско првенство Португалија ја одвел легендарниот Еузебио, роден во Мозамбик. Бенфика претходно го потпишала Марио Колуња исто од Мозамбик и од тогаш почнала долгата традиција за натурализирање африкански таленти да играат за Португалија.

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ МОЖЕЛА ДА СТАНЕ НАЈСИЛНА ВО АФРИКА

Зеленортски Острови е една од првите земји откриени од португалски морелопловци. На нив се наоѓа државата Капе Верде која е лесно достапна за Западна Европа за разлика од Ангола на пример.

Од главниот град Праиа до Лисабон има лет во должина од четири часа.

Зеленортски Острови имаат репрезентација во која доколку би играле оние кои се решиле за Потугалија би биле најсилна селекција во цела Африка. За Зеленортски Острови во напад би можеле да играат Зе Луис, Нани кој сега игра во МЛС, Желсон Мартинез од Монако, Мануел Фернандеш итн.

На голот би можел да биде Бруно Варела од Бенфика кој сезонава брани за Ајакс. Во одбраната командант би бил искусниот Роландо кој играше за Порто, Интер и Марсеј а сега е во Брага.

Во срцето на одбраната би можел да игра Рубен Веза од Леванте. Лев бек би играл Нелсон Семедо од Барселона а десно брат му Рубен Семедо. Во среден ред десно може да се повика Рикардо Переира од Лестер.

ДВА ПАТИ КАПЕ ВЕРДЕ ИГРАЛ ПРОТИВ ПОРТУГАЛИЈА И ЕДНАШ НАПРАВИЛ СЕНЗАЦИЈА

Но многу од нив веќе се главни ведети на Португалија која стана европски шампион во 2016-та година.

Репрезентацијата на Зеленортски острови е основана во 1979 години и таа никогаш не се пласирала на Светско првенство а на Куп на Африка обезбедила пласман само неколку пати. Но мора да се каже дека во 2013-та година направија сензација кога стигнаа до четвртфинале на Африканскиот Куп.

Оваа репрезентација никогаш не изгубила од Португалија. Се сретнале два пати во пријателска средба, во 2010 и 2015. И двата натпревари се играле во Португалија. Првиот завршил 0:0 а вториот после пет години на Зеленортски острови кои сензационално славеле со 2:0.

Голем дел одлични репрезентативци на Португалија, сегашни и поранешни, комотно би можеле да играат и за Гвинеја Бисао од каде што водат корени (Мендеш, Переира, Канде, Балде, Брума, напаѓачот Едер кој постигна златен гол за Португалија во финалето на Европско првенство).

Легендарниот Хенрик Ларсон кој се прослави во Селтик и Барселона исто води потекло од Зеленортски острови.

Ништо послаба не би била ни Ангола доколку нејзините деца не се решиле да го носат дресот на Португалија (Нурио Фортуна, Бастос од Лацио, Вилијам Карваљо од Бетис, Флорентино од Бенфика кој на 20 години веќе чини 18 милиони евра), Вилсон Едуардо од Брага, Жоао Марио кој играше за Интер, Рафаел Камачо од Спортинг, Рафаел Леао од Милан итн.

ПОРТУГАЛИЈА И БЕЗ ФУДБАЛЕРИ СО АФРИКАНСКО ПОТЕКЛО БИ БИЛА ВРВНА

На крајот од овој текст ќе се осврнеме и на тоа како би изгледал составот на европскиот шампион Португалија доколку сите играчи со африканско потекло би решиле да играат за земјите на нивните претци.

Патрисио, Жоао Кансело, Диаш, Фонте, Руи, Мутињо, Рубен Невеш, Бернардо Силва, Бруно Фернандеш, Роналдо и Андре Силва се актуелни репрезентативци на Португалија кои имаат чисто португалско потекло.

Во Португалија се смета дека има помеѓу 200.000 и 500.000 жители со африканско потекло што е далеку помал број од оној во Франција каде речиси 5 милиони жители имаат директно потекло од Африка.