Offside

Трето важно поглавје во Италија за македонскиот дијамант. За жал нема да фати ЛШ, но ќе игра на меѓународна сцена.

Во Далас Маверикс не им е досадно, Бобан ги учи како да кажат коњ

Тим Хардавеј, Сет Кари, Хозе Хуан Бареа, Двајт Пауел и Џастин Џексон, сите од Далас Маверикс учеа по некој српски збор од горостасот Марјановиќ.

Кога Бебето го шиел Марадона на мал фудбал во тв шоу

Во еден егзибициски натпревар меѓу ветераните на Аргентина и Бразил во склоп на емисијата „Ритмо де ла ноче“ на 30 јули 1994 година играат Марадона, Гојкочеа, Ругери и Буручага против Галиндез, Бебето, Дунга, Тафарел и Бранко. Класико Бразил - Аргентина во мал фудбал. Бебето ги работи како почетници.

Култен момент со јавување во живо од Портсмут - Блекбурн

Крис Камара на 16 години служел во Кралска морнарица а после играл сериозен фудбал за Портсмут, Лидс Јунајтед, Шефилд Јунајтед, Мидлзброу. По крајот на кариерата работи како репортер од натпреварите во англискиот фудбал за емисијата Soccer Saturday.

Ти мислиш Бекам само од слободен удар може вака

Гаќи им се тресеа на голманите кога се местеше да изведува слободен удар, ама тогаш барем знаеш што да очекуваш. Ова што и го направи на Депортиво Ла Коруња не и ни очекувано, па ниту нормално.

Кога навивачите на Јуве му аплаудираа на Роналдо во дрес на Реал

На 3 април 2018-та падна еден од најатрактивните голови во Лига на шампиони со акробација која одеше на сите насловни страници. Во четвртфинале Јуве - Реал 0:3 и еврогол на Роналдо од кој можеш да се откачиш само ако го купиш. И потоа го купија.

Белгија е прва која го завршува првенството, прогласен е шампион

Белгија е првата земја во Европа чија фудбалска федерација ќе донесе одлука што да се прави со првенството и покрај тоа што препораките од УЕФА се централизирани.

Кога Гуркуф се претвори во Зидан

Играше за Милан (2006-2008) и беше сметан за многу талентиран плејмејкер, но за жал го мачеа повреди и сега на 33 години е без клуб по ланската сезона во Дижон. На меч против ПСЖ кога го носеше дресот против Бордо навистина заличи на Зидан. Погледнете, мозок им испи.

„Кај нас мртвите ги возат во камиони, а УЕФА мисли само на пари“

Ексцентричниот Масимо Челино, сопственик на Бреша кој до пред неколку години беше газда на англискиот Лидс Јунајтед, отворено ја нападна европската фудбалска унија.

Како Мурињо почна да држи тренинзи?

Ако чекаат да се смири срањево и за тоа време гледаат како играчите ја држат формата со жонглирање на тоалетна хартија, мускули ќе им омекнат, а не па кондиција да имаат, така што време е за сериозни тренинг сесии за кој се одлучија барем во Тотенхем.

Ријад Марез 2020 - елеганција во движење

Манчестер Сити има толку многу мајстори со топка што на неутралниот гледач му е тешко да се одлучи кој им е најдобар играч во екипата. Од Силва до Де Брујне преку Стерлинг и Бернардо Силва до Алжирецот Марез кој е стварно магионичар.

Шпанското демолирање против Италија во финалето на ЕП 2012

И самиот Висенте дел Боске после мечот го опиша триумфот како најголемата ера во шпанскиот фудбал. 100% беше човекот во право. Италија не се виде.

Не се забораваат слободните на Димитри Паје во Вест Хем

Не играше долго за „чеканите“ од Лондон, ама доволно за навивачите на Вест Хем да го памтат засекогаш. Едно време немаше коло а да не фелшира маестрален гол во Премиер лига.

Се сеќавате ли на волејов на Матиќ?

Го постигна додека играше за Бенфика и тоа на дербито против Порто, а голот толку беше лудачки што заврши втор во трката за ФИФА гол на годината, само поради тоа што Ибра тогаш одлепи со тоа ножичките на пријателска против Англија.

На Вимблдон во Втора Светска војна паѓале гранати, а сега нема да има тенис поради вирусот

Коронавирусот во затвор го држи целиот свет, па така и тенисот чија сезона 2020 веќе претрпе неколку силни сервиси откако многу турнири се откажаа. Стигна вест и за одлагање на Вимблдон, првпат после далечната 1945.

Голман споменик

Сака да каже бидете цврсти луѓе и ова ќе помине, а тој е најповикан да дели совети за цврстина.

Од коронавирус почина и првиот црномурен претседател во Европа, го водеше Олимпик Марсеј

Франција е меѓу најпогодените земји од Ковид-19 во Европа, со повеќе од 3.500 починати лица. Во Марсеј посебно тагуваат за 68-годишниот Папе Диуф, новинар, агент и некогашен претседател на трофејниот Олимпик.

Од бразилските улици издвојуваме

Ај што топката едвај ја собира во тоа една педа голче, него што да се каже за потегот на детево без да гледа, кое за влакно не падна претходно во дупка? Овој што снима нема никогаш во живот да го избрише видеово.

Македонија - Косово на есен, летово нема Европско ама ќе има Лига на шампиони и ЛЕ

На денешната видео-конференција со генералните секретари на сите 55 членки, УЕФА ја дискутирала актуелната состојба и евентуалните можни сценарија за продолжување на сезоната.

Најбесниот пресврт во италијанско со снимка од Телма

Читател ни пиша дека и тој како нас, деновиве чешлал јаки ретро видеа и налетал на една лудорија за која Бранко Илиевски во пренос вели вака: Формални 7 минути до крајот на средбата, бидејќи чуда не се случуваат секогаш. Ај да видиме што е тоа.

Шек пушта музика од кујна

Don’t be down вели царот на Инстаграм и дава идеја што може да се прави или што тој прави по дома. Глејдате го до крај, ќе има кулминација.

Кои се најубави 10 гола во кариерата на Кристијано Роналдо

Во ситуација кога фудбалот е на пауза, време е да се потсетиме на најубавите 10 погодоци во кариерата на еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Навивачи на Аталанта бесплатно работат во изградба на нова болница

Во претходните десетина дена мајстори, ѕидари, монтери, заварувачи, водоинсталатери, електричари и други, меѓу кои имало и голем број навивачи на Аталанта, бесплатно работеле за да се крене нова мобилна болница во Бергамо.

Линиски судија од Танзанија во изолација

Франка Комба е судија со знакот на ФИФА и спортска душа желна за разгибавање и тренинг во оваа необично пасивна фаза од животот. Човекот го фати сафра дома па реши да се облече во униформа и да суди офсајди.

Вимблдон кај Ноле дома со тавчиња

Турнирот се одржува во дневна соба со тавчиња за пржење јајца, а мрежа им се столовите. Се игра течно и неизвесно, а Ѓоковиќ на пријателчето му запна на мрежа и му го зема гемот.