По три години престој во Леванте, прв пат се случува оваа екипа да загуби кога македонскиот репрезентативец ќе се најде меѓу стрелците.
Барди денеска стигна до петти гол сезонава, вкупно 17-ти за својот тим кој загуби дома од Атлетик Билбао со 1:2.
Со оваа бројка на голови нашиот фудбалер се искачи на челната позиција на најдобри стрелци меѓу странските играчи кои настапувале со Леванте. Ја дели со Мустафа Рига, кој исто така има 17 голови.
· @enisbardhi10, 17 goles Primera División y cuarto máximo goleador histórico (empata a Mustapha Riga).
— Eric Martín Gasulla (@Eric18Martin) July 12, 2020
· Primera derrota con Bardhi como goleador (10 victorias seguidas).
· @barral23 mantiene el récord con 13 partidos con gol + victoria.
· @aitorfernande13, 75 GC en Primera.