Во оваа скандинавска земја најдобриот млад напаѓач во Европа заедно со татко му Алф-Инге Халанд (некогашен фудбалер на Лидс Јунајтед) сечел дрва на река.
„Зимата се ближи, време е да се соберат дрва“, напишал Ерлинг на својот инстаграм, а на твитер додал: „Одмор = работа“.
I do the work he gets the glory😉🇳🇴 https://t.co/QqxMGAJa0U
— Alfie Haaland (@alfiehaaland) July 11, 2020
Во деновите од одморот Холанд се сретнал и излегувал со пријалите. Во негово друштво биле и сестра му Габриела (во средина на сликата), постариот брат Астор (најдесно) како и другарот со кој Ерлинг како мал снимал рап песна.
Но изминатиов викенд западнал во неволја. Центарфорот и најдобар стрелец на Борусија Дортмунд го исфрлиле од еден ноќен клуб во Норвешка. На видеото се гледа како Халанд им се спротивствува, се турка со луѓето од обезбедувањето и пробува да ѕвони на видео-повик.
Инаку Халанд можеби бил под дејство на аклохол. Во Норвешка е можно да се купи пиво и вино од 18 години но жестоки пијалаци (со алкохол повеќе од 22%) не се продаваат на лица помлади од 20 години.
Затоа повеќето ноќни клубови не пуштаат помлади дечки од 20-21 година. Ерлинг Халанд има 19 годи а 20 ќе полни неделава.
Во меѓувреме се појави и кратко видео на кое се гледа како Халанд пука отворач од шампањ. Ништо страшно за да го исфрлат.
Но од ноќниот клуб за норвешката ТВ2 рекле дека Халанд бил исфрлен зошто премногу толпа се собрала околу него кога тој станувал од масата (за автограми и фотографии). Обезбедувањето го замолило неколку пати да седи на место поради мерките во борба против корона и дека тој бил пуштен назад во клубот подоцна истата вечер.
Борусија Дортмунд и самиот Ерлинг Халанд не го прокоментираа инцидентот. Но затоа се појави Алф-Инге Халанд, татко му на Ерлинг кој објавил фотографија од себе со секира, труп дрво и скара во позадина.
„Враќај се на работа, Ерлинг. Ноќен живот во голем град не е за тебе“.
Come on @ErlingHaaland back to work. Big city nightlife is not for you pic.twitter.com/dz8Vws7gyh
— Alfie Haaland (@alfiehaaland) July 12, 2020