Offside

УЕФА и КОНКАКАФ (фудбалска конфедерација на Северна, Централна Америка и Карибите) почнале официјални преговори за покренување заедничка Лига на Нации која би имала дури 96 репрезентации.

Сторијата за голман од Руанда кој преживеал геноцид благодарение на слика од фудбал

Само една фотографија која што ѕиркала на едно место во домот на младиот Ерик, успеала да го спаси од сигурна насилна смрт.

За нас нема место на стадион? Нема проблем, ќе ве бодриме од кранови

Знаеме дека Пољаците се меѓу најоткачените навивачи во свет, ама не до толку за вака да се испентарат и да навиваат. И тоа не за фудбал, туку за спорт кој нема да го очекувате.

Што не сме знаеле за играчката кариера на Жозе Мурињо како млад

Жозе имал сенс за топка. Не бил дунстер. Иако главен тренер едно време му бил татко му, Мурињо никогаш не ја користел таа положба и бил крајно љубезен со сите други фудбалери, а на постарите им ги чистел копачките.

Полека друже и мајка ти дома те слушна

“How you given that you wee dick”, му рече Мет Ричи од Њукасл на линискиот судија, само затоа што се налути поради досуден фаул. Така е без публика, да кивнеш се слуша.

Туристичкиот рај на Дизни каде што ќе се игра НБА лигата

Американската фудбалска лига МЛС веќе ја обнови сезоната во ESPN Wide World of Sports - гигантскиот спортски комплекс на Дизни. Спортот во овој Дизни Свет е испреплетен со ликовите од цртаните филмови: Мики Маус, Доналд Дак и Елза кои секогаш се тука некаде во близина.

Дресот од рекордот на Роналдо го лапна наше дете

Кристијано Роналдо синоќа постигна два гола против Лацио и стигна до бројка од 30 сезонава, исто колку Имобиле со кој сега се израмнети. Овој дрес има посебна вредност, а привилегија да го добие имаше Никола Секулов.

Роналдо го урна Лацио и урна неколку неверојатни рекорди

Благодарение на Кристијано Роналдо кој со два гола му се одмазди на Лацио кој победуваше на претходните два дуели, Јувентус сега има +8 на 4 кола до крајот.

Има зошто Шчесни е прв голман на Јуве

Јувентус го совлада синоќа Лацио со 2:1 и на 4 кола до крај има +8 од Интер, што значи титулата е речиси решена. Гостите намалија преку Имобиле, а во финишот за влакно не израмнија. Голот го спаси Пољакот кој извонредно реагираше на слободниот удар на Милинковиќ Савиќ.

Ново видео на Ибра со Дилета

Не се знае дапи е од периодот кога снимаа реклама или пак е од сега, ама не е ни битно. На новото видео кое го објави италијанската спортска новинарка од DAZAN, таа танцува, а Златан доаѓа од позадина и ужива во погледот.

Платите во РК Вардар 2010-2020

Не е ова информација која македонските колективи во било кој спорт имаат навика да ја споделат со јавноста и затоа ја дознаваме од Handball tv. Се знаеше дека Сергеј фино ги плаќа, барем кога ги плаќаше, што значи сумите се од прилика познати од чаршијата.

На навивачите на Ливерпул им е најјако

2019: Лига на Шампиони, Супер Куп на Европа, Светско клупско првенство. 2020: Премиер лига. Кој сака нека дојде.

Како Тони Адамс ја тренираше Гранада

Ги водеше од 10 април до 3 јуни 2017-та на 7 меча и ги загуби сите до еден. И не, тој НЕ е заслужен што за прв во историјата ќе играат во Лига Европа.

Пандев е душата на Џенова и водач на црвено сината војска

Викендов го немаше меѓу стрелците, туку меѓу асистентите, но го има на насловните страници и тоа со највисока оценка во еден од најважните дуели на Џенова во борбата за опстанок. Фрчат пофалби за легендата.

Како судија со глупава одлука може да те исфрли во втора лига

Шпанска Ла Лига спушти завеса на сезоната 2019/2020. Шампион е Реал Мадрид, а од лигата испаѓаат Еспањол, Мајорка и Леганес. Токму последниве можеа да се спасат зошто во 84' минута на дуелот со Реал Мадрид при резултат 2:2 не добија пенал по играта со рака Лука Јовиќ.

Како играше Френки така му игра и екипата

Лампард стана тренер на Челси во еден од понезгодните моменти во историјата на овој клуб, кога соочен со суспензија од УЕФА поради кршење на финансиски фер плеј, мораше да игра со веќе постоечкиот состав зачинет со неколку младинци кои беа позајмени по други клубови.

Ни Галата, ни Фенер ни Бешикташ - шампион на Турција е клубот поврзан со Ердоган

Првпат после цели 10 години шампион на Турција не стана ниту Фенербахче, ниту Галатасарај ниту Бешикташ. На крајот оваа тројка мораше да го положи оружјето пред еден четврт клуб од Истанбул.

И ова дрвце заработува 190.000 фунти неделно

Манчестер Јунајтед минатото лето во 2019-та плати астрономски 87 милиони евра за да од Лестер го донесе стоперот Хари Мегваер. Репрезентативецот на Англија е и меѓу најплатените фудбалери во Премиер лига со 190.000 фунти неделна плата, ама она што го прикажува на теренот е далеку од таа вредност.

Холандија е тоа, ништо не нè чуди

Холандија беше првата земја во Европа која што реши поради глобална пандемија, во целост да ја прекине фудбалската сезона дури до септември. И сега на интересен начин ги користат празните стадиони и зелените терени.

Фоторепортерот кој не издржа да гледа две утки по ред

Се работи за третолигашки меч во Шпанија, каде Бадахоз се бори да влезе во втора. Успеаа момците, ама на пенали. Можеа и претходно од игра да завршат работа, а со тоа да го поштедат човеков кој сликна и потоа не можеше да се додржи на нозе кога виде што промашија неговите.

Нема поинтересно од тоа кога голман ќе даде гол во 90-та минута

Во најдобрата фудбалска лига на Шведска, Хелсинборг во неделата му гостуваше на Фалкенберг. Гостите губеа 2-1 кога поранешниот резервен голман во Манчестер Јунајтед, Андерс Линдегард со глава во стилот на врвни центарфори дава гол за 2-2 во 90-та минута.

Ретко виден слалом од Винисиус за гол на Реал

За време на шампионскиот меч против Виљареал во минатото коло (2:1), Бразилецот Винисиус имаше бразилски слалом во стилот на Роналдињо, Роналдо и Кака.

Љубовта и верноста кон Лидс во една многу јака фотографија

Испаднаа пред 16 години, но излегоа со спремен банер дека ќе се вратат. Дојде 2020-та, а таткото, синот и ќерката го дочекаа моментот, се сликнаа во истите пози и станаа хит во градот. Какво трпение, доблест и љубов кон Лидс Јунајтед.

Лидс слави прво место, а Џани прави шоу пред камера

Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски и официјално ќе биде дел од Премиер лигата наредната сезона откако со Лидс ја завери челната позиција во Чемпионшип. Славјето е големо, а главен пред камери како и секогаш е нашето крило.

Леао си играше мајтап со чуварот

Милан игра во врвна форма по паузата и има скор од 6 победи и 2 нерешени, а синоќа ја декласираа Болоња со 5:1. Малиов ќе им го биде, има сенс за фудбал и веќе неколку пати покажа сезонава што мангуп е во шеснаесетник.