Еден од најдобрите англиски голгетери го паметиме најмногу по блескавите партии во Тотенхем, каде играше во два наврати, се задржа најдолго и остави најголем белег.
Но неговата кариера не заврши во 2014-та кога си замина од таму, туку продолжи да се забавува во Торонто, Сандерленд, Борнмут, а сега втора сезона е дел од Глазгов Ренџерс, вториот најтрофеен клуб во светот со 54 првенствени титули.
Во 2017-та стана веган со цел да ја продолжи кариерата, начин на исхрана за кој се смета дека има има удел во тоа, а исто така не става ни капка алкохол во уста.
Во моментов е осми најдобар стрелец во Премиер лигата и шести во историјата на Тотенхем.
Внимавајте на овој интересен податок. Дефо е рекордер во Премиер лига кој има постигнато 22 гола откако влегол како резерва.
Ренџерс викендов славеше 2:0 над Ливингстон и сега тимот на Џерард му бега 6 бода на Селтик. Сите зборуваат за начинот на кој Дефо ја заврши оваа акција.
Прекрасен финиш со многу искуство, стил и убавина за јубилеен гол број 300 во неговата клупска кариера.
Поделени по клубови, неговите погодоци одат вака:
143 - Тотенхем
41 - Вест Хем
37 - Сандерленд
27 - Ренџерс
23 - Борнмут
17 - Портсмут
12 - Торонто
Навивачите на Сандерленд уште го зборат овој волеј
one goal you never get sick of watching?? this one😍 #safc pic.twitter.com/qkokKw40jf
— rachel (@rachel19atkin) October 17, 2020
Поранешниот англиски репрезентативец кој даде 20 гола за Англија им се заблагодарува на сите колеги кои му ги олеснале головите.
𝟯 𝟬 𝟬 Not Out 💥💥💥 Today was special, all these goals were special but I can’t do it on my own. Thank you to my team mates who make my job easy. My first was in a West Ham shirt and I can’t tell you how proud I am that my 300th was in Rangers jersey. Let’s keep going 👊🏽 pic.twitter.com/1q1Eoutq1B
— Jermain Defoe OBE (@IAmJermainDefoe) October 25, 2020