Тоа го најави нивниот предводник Александар Васоски кој отворено им се обрати на навивачите за да бидат свесни што може да се случи наскоро.
За сега никој сè уште не дава објаснување што ќе биде со иднината на македонскиот спортски бренд и кој ќе го раководи, само јасно е дека клубот е во големи долгови и им должи многу плати на вработените.
Повлекувањето на Сергеј Самсоненко е најавено за после нова година, а потоа ако ситуацијата не се среди, ќе го доживее најцрното сценарио, најавува тренерот на Вардар.
Најголемата нејаснотија за јавноста е, каде ли отидоа парите на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија што ги заработи од исторскиот пласман во Лига Европа пред три години?
Летово се шпекулираше дека ќе го купува еден сомнителен Бугарин.