Според првичните написи на македонските медиуми, 38 годишниот Благој Георгиев кој ја заврши кариерата пред три години, се јавува како претставник на конзорциум компании од Источна Европа, кои се заинтересирани да го преземат Вардар во сегашната тешка финансиска состојба.
Тој веќе имал состаноци со управата на клубот, а за бугарските медиуми тврдеше дека некој веќе почнал да му прави и опструкции во желбата да го купи клубот од рацете на Самсоненко.
Footbla Digital, спортска дигитална маркетинг агенција која работи на промоција на спортски екипи и настани во Македонија и регионот, објави разговор со познат бугарски новинар за тема кој е уствари Благој.
Го претставува како валкан играч кој додека играл во Русија земал многу пари под маса за наместени натпревари и дека е близок со газдата на Славија Софија, Венци Стефанов за кого не е тајна дека е близок со бугарска мафија.
Идеме повторно👇👇👇 https://t.co/tVhCedKz3j
— Footbla (@FootblaDigital) June 14, 2020
Инаку Георгиев ја почнал кариерата во Славија Софија каде играл од 1999-та до 2006-та, а потоа направил трансфер во Алавес. Останатите клубови за кои настапувал се Црвена Звезда, Дуизбург, Терек Грозни (Чеченија), Амкар Пер, Рубин Казан и Оренбург. За селекцијата на Бугарија има 50 настапи и 5 гола.
Неговата желба како што гледаме трае уште од февруари, само тогаш бил таинствен без да спомне име.
Минатиот месец па се пофали со академија
И со поликолор.