Пет гола на пет натпревари за Мусовски сезонава. Игра во фантастична форма.
Откако ФФМ и селекторот Ангеловски ги послушаа апелите на медиумите да се обидат да стапат во контакт со Мусовски, целата приказна доби убава димензија минатата недела.
Ангеловски не само што го контактирал шпицот на Лос Анџелес ФЦ, туку и потврди дека Мусовски прифатил да игра за репрезентацијата на Македонија. Останува да се види само кога ќе добие повик, дали за собирот во ноември пред историскиот меч со Грузија на гости, или пак подоцна.
Во секој случај, Мусовски покажа дека во моментов е еден од најдобрите центарфори во американската МЛС лига. Синоќа во големото дерби на Лос Анџелес постигна преубав гол со лоб удар за 1-0, а мечот на крај заврши 2-0 со гол на легендарниот Карлос Вела во 90+3' минута. Токму Вела му аплаудираше на Мусовски за мајсторскиот погодок:
Мексиканецот кој играше за Арсенал и Реал Сосиедад постигна идентичен гол за 2-0:
„Да дадеш гол во дерби е нешто големо, а уште ако тој гол значи победа, едноставно преубаво чувство“, рече Мусовски после дербито со ЛА Галакси.
Интересно исто како и во Европа, таа и во МЛС лигата во САД навивачите затоа што не можат да бидат на трибините поради глобалната вирусна пандемија, се собираат пред стадионите со цел да ги поддржат своите играчи.
„Многу го цениме тој потег на навивачите. Беа многу дојдени и тоа е посебен момент за мене, како и за цела екипа кога ги видовме. Многу ни фали нивната поддршка“, додава Мусовски.
Поранешниот селектор на САД, Боб Бредли кој сега е тренер на ЛА ФЦ вели за Дан:
„Презаводолни сме од Дени, тој има многу добри предиспозиции, особено што игра добро со двете нозе. Супер е кога ќе се види колку придонесува за тимот, посебно што сите во екипата му веруваат и тоа е особено важно“.