Трансфер периодот веќе одамна е завршен, но во младинската екипа на Њукасл од летово има ново лице. За клубот потпиша 23-годишниот Французин Флоран Индалесио.
Овој млад играч дошол прво на проба и ги воодушевил сите: постигнал еврогол со ножички преку себе. Во младинците на Њукасл бил на 6-неделна проба.
Ама понеобична од овие ножички е биографијата на Флоран:
- Индалесио тренирал како помлад во академијата на Сент Етјен до 15 години, ама го избркале од таму поради проблеми со кршење на дисциплината;
- Подоцна му нашле рак на коски и тоа ја прекинало кариерата на младиот Флоран;
- После долго лекување и рехабилитација Индалесио се вратил во фудбалот. Прво играл за аматерски тимови во Франција, па отишол во САД и на крај се преселил во Австралија;
- Токму во Австралија играл за еден четвртолигаш и паралелно работел како мајстор на објект;
„До преселбата во Австралија не знаев ништо на англиски. Можев само да кажам „здраво“, „како е“ и „фала“. Јазикот го научив додека работев и кога зборував со шефот и другите мајстори.
Просто ги гледав дечките како работат, како мешаат цемент, како лепат цигли. Сите ми помагаа. Во Сиднеј никој не сака да работи како ѕидар зошто тоа е една од физички позахтевните работи. Многу се уморував“.
Поради глобалната пандемија, Флоран Индалесио се вратил во Европа па во Австралија веќе не можел ниту да игра ниту да работи како ѕидар зошто му требале документи.
Тогаш му помогнал еден другар од детството - лидерот на Њукасл, Алан Сен-Максимен. Со него играл во академијата на Сент Етјен, таму тренирале. Францускиот дриблер му договорил проба на другар му во Њукасл. Флоран требал само да ги убеди тренерите што и на крај му успеало. Самиот вели дека многу работа го чека.
„Кога се вратив од работа во Австралија, видов како моите другари играат фудбал на високо ниво. А сега и самиот сум играч на Њукасл. Ова е голем клуб, многу сум горд. Ама морам да почнам од најдолу, да се докажам прво во младинците, да докажам дека сум играч за високо ниво“.
Тренерот на Њукасл, Стив Брус признава дека Индалесио дошол во клубот благодарение на другар му Сен-Максимен. Но не само ради тоа:
„Да, многу му помогна Алан, Флоран му е другар. Но треба да напоменам и дека го потпишавме не зошто му е другар, се гледа дека има талент инаку не би поминал проба.
Ќе му дадеме шанса. Има интересна историја. Нејасно е дали ќе биде спремен да игра за првиот тим на Њукасл, но ќе гледаме како ќе оди неговиот развој“, вели Брус.
Индалесио веќе дебитирал за младинците на Њукасл: во Премиер лига 2 (лига за младинските клубови на премиерлигашите) влегол од клупа за резерви во 24' минута од мечот против Вест Бромвич кој го загубиле 0:1.