Offside

УЕФА и КОНКАКАФ (фудбалска конфедерација на Северна, Централна Америка и Карибите) почнале официјални преговори за покренување заедничка Лига на Нации која би имала дури 96 репрезентации.

Евроголот во ЛЕ го постигна ЛАСК против Манчестер

Момците на Солскјер имаа 0:5 од првиот осминафинален дуел и вечерва на Олд Трафорд реваншот беше само формална пресметка која ја добија со 2:1. Но резултатот го отворија гостите кои ќе ја паметат оваа убедлива елиминација од 7:1, поради единствениот нивен гол, дело на Филип Визингер.

Обично вакви изненадувања има само на фудбал

Но еднаш се случи и на снукер и тоа за време на меч на кој настапуваше најславниот снукер играч Рони О'Саливен.

Шаќири, сега ни кравјо кисело млеко не ти помага

Џердан Шаќири е на заслужен одмор после шампионската титула со Ливерпул во Премиер лига, ама сега нека не планира одмор, бидејќи едно три дена нема да спие на раат. Пече ова.

Џозеф уште го бара и Лука и баскетот

Од синоќешната маестрална партија на Дончиќ со историски трипл дабл, го издвојуваме потегов кој му го направи на Кори Џозеф. Го изгуби компасот човеков, а се изнасмеаа и коментаторите.

Слободен удар од 40 метри вреден 190 милиони евра

Фулам и Брентфорд го одиграа најскапиот меч на сезоната, вреден пласман во Премиер лига. Фудбалерите на Фулам го решија на спектакуларен начин, а Брентфорд излезе најголем лузер на островот.

Дончиќ е неприкосновен и стигна до историски 16-ти трипл дабл сезонава

Каде ли му е границата на овој човек? Има 21 година, а веќе е етаблиран во НБА како да ја брои својата десетта сезона. Ни паузи му влијаат, ниту ништо. Алфа и омега е во својот тим.

Сите 9 гола на Пандев сезонава во Серија А

Со 37 години ја одигра својата петта, а воедно и најефикасна и најдобра сезона за Џенова со 9 гола како прв клупски стрелец. Постигна повеќе голови од имиња како Инсиње и Игуаин. Без разлика на годините, Горан не се дава и најави уште една сезона во дресот на Џенова. Уживајте, особено во мајсторијата против Бреша и евроголот над Лече.

Полека Роналдињо, фамилија има човекот

Ни пензија, ни години, ни затвори. Ништо не може да му ја одземе класата на овој човек, кој ја спобудале публиката по егзибицони натпревари. Втора кариера одигра откако се повлече.

Докторот за асистенции во Серија А

Чиро Имобиле сезонава е Златна копачка во Европа, ама Луис Алберто златна 10-ка. Што топки му даде и него и на другите играчи на Лацио, сите со мозок. Ја заврши сезоната со вкупно 15 асистенции, само една помалку од лидерот Гомез од Аталанта. Играчиште.

50 метри краул со чоколадно млеко на глава

Американката Кејти Ледецки има 20 златни медали, што е рекорд во историјата на женското пливање, а синоќа на Твитер објави видео за кое вели дека и е едно од најјаките пливачки настапи во кариерата.

Браво штипјани, убаво направено

Пред шест години ни стигна писмо од читател, дека чешма асална немаат ставено на стадион, а тогаш играа во прва лига. Сега хотел изградија, наменет само за фудбалерите и тоа саглам хотел, што е за поздрав.

Роналдо vs другите великани на 35 години

За стопер и голман тоа е најнормална возраст за играње, ама за тие во напад приказната е друга и треба гориво. Кристијано очигледно го има и со оглед на тоа каква форма држи, уште не му се празни. А каде беа и што правеа другите на тие години?

И се сипа на белата топка на сред Светско првенство

Стартот на СП во снукер го одбележа Курт Мафлин, кој во еден момент реагираше како да игра билијард со другарите во маало. Се изнервира затоа што со белата топка ја погоди жолтата, а не смееше според правилата. Беше многу блиску во 16 фрејм да направи максимален брејк од 147 поени. Доби и судиска опомена поради глупоста.

Златна асистенција на Пандев, Џенова е речиси спасена

Првите 25 минути од последното коло во Серија А му одат целосно во прилог на Горан Пандев. Џенова води 2:0 против Верона, а Лече губи 0:2 од Парма. Антонио Санабрија е двоен стрелец на Мараси, а за вториот гол доби топка од мајсторот.

Ама си ја закопа гревов од Каљари

Милан ја заокружи сезоната победнички со 3:0 против Каљари, а помош за да го отворат резултатот добија од Естонецот Клаван, кој пред две години направи трансфер од Ливерпул во Каљари. Фино се снајде во шеснаесетник.

Цел Нов Зеланд се чуди на голов

Да има ФИФА мадиња, наградата Ференц Пушкаш ќе му ја даде на анонимусов Емилијано Таде од аматерскиот клуб Централ Јунајтед од Нов Зеланд. Па ова не е нормално што го направи од таа далечина.

Шампионското славје на фудбалерите на Јувентус

Јасно е дека без навивачи прославата изгледа сиромашна, но според условите таа е повеќе од достојна со музика, конфети и светлечки ефекти. Играчите се целосно во елемент и на стадион и во автобус. Слават деветта во низа, што се нема случено до сега во Италија.

Хрватски навивачи му пејат приспивна на словачко бебе

Не дека ќе го успијат, ама барем синхронизирани и стишани успеваат да му го одржат вниманието, без разлика на јазичните разлики кои него не му менуваат ништо со оглед на возраста. Баш симпатично.

Приказна за Ектор Купер - малерозниот гениј со чудна судбина

Човекот по природа е навикнат да им се диви на победниците, но понекогаш историјата на вечните губитници знае да биде интересна и не заслужува помало внимание.

Што е со тренингов на Реал во пресрт на ЛШ?

Ринге, ринге раја, дошо чика Паја, и донео јаја, једно јајце муч, сите деца чуч. Инаку Реал на 7 август го игра реванш осминафиналниот дуел против Манчестер Сити. Првиот го загуби 2:1.

Триумфот на Југославија над СССР за кој Тито ги наградил фудбалерите по 100 долари, а Сталин своите ги казнил

Иако се работело за Олимписки игри, сепак тоа повеќе личело на политичка пресметка на две комунистички страни: Тито vs Сталин. Победниците биле херои на нацијата, а поразените, губитници кои биле деградирани.

Ништо чудно Јувентус со деца да игра против Рома

После поразот од Каљари 2:0, тренерот на старо-новиот италијански шампион Јувентус Маурицио Сари разочарано констатираше дека управата на Серија А ги провоцира и дека е лудо да играат 5 меча во 12 дена и тоа во пресрет на решавачкиот дуел со Лион во Лига на шампиони.