Баер Леверкузен и Борусија Менхенгладбах одиграа спектакл со 7 гола! Домаќинот славеше со 4-3, а конечниот резултат го постави гостинскиот фудбалер Валентино Лазаро со шкорпион-гол. Сигурно конкурент за гол на сезоната во Бундеслига.
„Видов дека топката лета накај мене и помислив: “ај да пробам“, изјави Валентино Лаѕаро за својот прв гол во Борусија Менхенгладбах каде е позајмен од Интер од август но поради повреда одиграл само 60 минути (три пати влезе од клупата за резерви).