Италијанскиот новинар Танкреди Палмери кој важи за еден од најпознатите кој вади инсајдерски информации, тврди дека Горан Пандев е еден од фудбалерите во Серија А кој нема да може да ги исполни следните репрезентативни обврски.
Танкреди на Твитер тврди дека ова е одлука на регионалните здравствени власти во повеќе италијански региони, кои им забраниле патувања на репрезентативци кои се членови на Џенова, Фиорентина, Сасуоло, Рома, Лацио и Интер, бидејќи во овие клубови има барем еден позитивен на Ковид 19.
Сега останува официјална потврда за оваа новинарска објава од Џенова, а и од ФФМ, а последниот збор можно е да го има УЕФА. Во случај да не му биде дозволено да патува, нашиот капитен ќе го пропушти финалниот меч на Македонија против Грузија кој се игра в четврток.
Тоа би било голем хендикеп за нашата селекција, а истовремено и големо разочарување за Пандев кој ја продолжи кариерата за уште една сезона за да се бори за пласман на ЕП.
Players forbidden to join national teams from SerieA
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) November 8, 2020
🇦🇷 Correa, Lautaro, Martinez Quarta,
🇮🇹 Biraghi, Castrovilli, Cristante, Mancini, Gagliardini, Barella, D’Ambrosio, Darmian, Bastoni, Acerbi, Locatelli, Caputo, Berardi
🇨🇱 Pulgar, Alexis Sanchez, Vidal
🇵🇱 Dragowski
(1/2) https://t.co/tnazLBmatL
(2/2)
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) November 8, 2020
Players forbidden to join national teams from Serie A:
🇦🇲 Mkhitaryan
🇦🇱 Kumbulla, Strakosha
🇸🇮 Handanovic, Zajc
🇳🇱 De Vrij
🇧🇪 Lukaku
🇷🇸 Milenkovic, Kolarov, Vlahovic, Milinkovic-Savic
🇭🇷 Perisic, Brozović
🇩🇰 Eriksen, Schoene
🇸🇰 Škriniar
🇲🇰 Pandev