Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Малер на колото кој парите треба да ги бара кај голманот на Струга

Ај овие фаворитиве што ги фатил ок, ама Македонија да ја погодиш X-2 во ракомет и потоа да ја видиш таа нестварна пацерска сцена во која голманот на Струга ја прима кроз нозе во 96-та и те остава без добивка?

Тројна синхронизација на денот

Комичен момент за најсмешно видео инсерти во кој Жозе и помошникот мафтаат па седнуваат во исто време, тајминг во кој случајно се поклопи и Славен Билиќ.

Освои титула со Лестер, играше за Челси, а сега снима видео за проба

Асоцијација за прекрасниот Лестер кој сензационално освои титула во Премиер лига се Раниери, Варди, Ријад Марез и Каспер Шмајхел. Кога се набројува таа шампионска генерација, неизоставен дел е и Дени Дринквотер.

Фудбалската династија во семејството Верон

Чезаре, Паоло и Даниел Малдини не се единствените кои негуваат верност и традиција во ист клуб. Аргентина ни открива уште еден пример во кој три генерации по ред го љубат дресот на Естудијантес.

Бурни реакции што се свири секој контакт со рака, УЕФА би ги вратила старите правила

Новите правила за контактот со рака ги донесоа во 2019-та и тогаш изгледаа сосема добри и коректни за сите. Но како проаѓа време, и тренери и играчи и навивачи, сакаат да се вратат на старите правила.

Изјава на месецот која кружи по интернет

Ненад Качар, 18-годишен фудбалер на српскиот нисколигаш ФК Дубочица. А што друго и би кажал со балвани од тренери кои не ги учат младите играчи на никаков бон-тон и кодекс на однесување.

Ваљадолид го погоди молња, фудбалерите спасија глава

После потопот во Виљареал, најголем во последните 40 години во овој шпански град, невремето се прошири и на други реони. Во Ваљадолид фудбалскиот клуб морал да го прекине тренингот поради страшни молњи.

Нека се вејат вака славенички знамиња за пласман на ЕП

Броиме ситно, нешто повеќе од 48 часа до стартот на финалето кое нема македонски навивач кој не го чека со срце и душа. Остана уште последната пречка која на Пандев и другарите ќе им биде остварување на сонот ако ја прескокнат. Напред момци.

Фелипе Мело да не има психички проблеми?

37 годишниот ветеран од Бразил игра уште фудбал за Палмеирас каде е член од 2017-та. Го паметиме добро од Фиорентина, Јувентус, Галатасарај, Интер. Да, беше груб, ама за топка во среден ред. 

Не за џабе му е желба на Куман

Канте ли ова? Или па можеби Клод Макелеле? Не, туку Таигун Ндомбеле, Французинот кој летото 2019-та направи трансфер од Лион во Тотенхем, вреден 62 милиони евра. Мурињо минатата сезона го критикуваше за слабите партии, но сезонава е друг човек.

Кога пукаа децибели за Игуаин на Сан Паоло

Ако на некои најмногу им фали посетата на стадиони тоа се сигурно навивачите на Наполи. „Сан Паоло“ не видел публика скоро 10 месеци. Којзнае како ќе биде кога еден ден ќе се врати публика на трибините. На времето грмеа за Пипита Игуаин кој имаше рекордна сезона со 36 постигнати голови во Серија А.

ФИФА, пиши таму уште еден кандидат за гол на сезоната

Џузепе Бепе Фела, Авелино - Катанѕаро (1:3), 9. коло од италијанска Серија Ц. 23 минута од мечот, ножички какви ретко се гледаат.

Мајсторе, потегов од Бразилци си го научил?

Шестолигашот Чорли го исфрли Виган од ФА Купот иако домаќинот водеше 2-0 на полувреме. Гостите израмнија и во 92' минута со супер гол на Конор Хал се пласираа во следната рунда. Понатаму го следиме Чорли и навиваме за нив да дотуркаат до Манчестер Сити, Јунајтед, Челси, Арсенал...

Некој пенал да погодеше колово?

Ибрахимовиќ, Де Брујн, Варди...Што ли се случуваше викендов со пеналџиите кои промашуваа на ангро, а повеќето од нив можеа драстично да го сменат конечниот исход. Најдовме три средби на кои имаше дури и по две утки од 11 метри.

Знаете ли дека жена прва измислила жолт и црвен картон?

Картоните одамна се нераздвоен дел од фудбалот. Секој човек, дури и оној кој не следи спорт, одлично знае за што е жолт а за што црвен картон.

Од каде потекна тоа спортистите да ги гризат освоените медали?

Спортистите тврдат дека тоа не го прават самоиницијативно, туку дека им сугерираат фотографите за кадарот да биде овековечен и поинтересен.Ама некои кршеле заби од медалите.

Комарџија на денот

А да ви праќаат два пати во неделата по три дојави ако имаат?

Нема простор за паника, Пандев доаѓа за Грузија

Македонската фудбалска репрезентација почна да се собира во Скопје во пресрет на исторскиот меч, а македонската јавност може да се смири, бидејќи попладне во Скопје пристигнува капитенот за кој синоќа се појави информација дека нема да го пуштат од Италија.

Како се печатеше дресот на Македонија за историскиот меч

Никогаш поблиску, никогаш поважен и никогаш со поголема историска важност за нашиот репрезентативен фудбал. 27 години поминаа од првиот меч на Македонија, а тоа се скоро три децении исчекување. Изгоревме од желба и ние да заиграме на едно Европско првенство.

И Роналдо влезе во рубриката „Где је лопта“?

Вистинска реткост е некој врвен играч како Роналдо, Меси или Ибра, некој да го прати по бурек. Тоа му успеа синоќа на стоперот на Лацио, Луис Фелипе кој со само еден елегантен потег на смирен начин го исфрли од игра Кристијано.

Мурињо се заигра со Инстаграм, му се уарнија лајкови и коментари

Ако со години важеше за еден од поригорозните тренери кој конзервативно се држи до старите методи на работа, Жозе Мурињо откако е дојден во Тотенхем оди во чекор со модерните текови. Направи и Инстаграм профил на кој често објавуа сè она што објавуваат и младите.

Ако можат театри и кина да бидат отворени, зошто не и стадиони?

Во Англија се поведе голема дебата околу двојните стандарди на властите во однос на мерките и протоколите во борбата против глобалниот вирус.

Ги извреѓаа

Астон Вила синоќа му нанесе убедлив пораз на Арсенал од 0:3. Резултатот го отворија во 25-та минута по еден несфатлив млак начин на играње одбрана. Рос Баркли и Џек Грилиш си играа мајтап со одбраната за на крај 19 годишниот Бакајо Сака да си даде автогол