Некој пенал да погодеше колово?

Ибрахимовиќ, Де Брујн, Варди...Што ли се случуваше викендов со пеналџиите кои промашуваа на ангро, а повеќето од нив можеа драстично да го сменат конечниот исход. Најдовме три средби на кои имаше дури и по две утки од 11 метри.

ИТАЛИЈА

Златан Ибрахимовиќ (За 2:2 во 65-та), Милан - Верона 2:2

АНГЛИЈА

Кевин Де Брујн (За 2:1 во 42-ра), Манчестер Сити - Ливерпул 1:1

Џејми Варди (За 2:0 во 39-та), Лестер - Вулверхемптон 1:0

ШПАНИЈА

Вилијам Жозе (За 3:0 во 54-та) и Дарвин Маркиз (За 2:1 во 95-та), Реал Сосиедад - Гранада 2:0

ФРАНЦИЈА

Денис Буанга (За 2:2 во 88-ма), Лион - Сент Етјен 2:1

Опа Нгете (За 0:1 во 7-ма) и Мунир Куиар (За 1:2 во 30-та), Мец - Дижон 1:1

ГЕРМАНИЈА

Вуг Вегхорст (За 3:1 во 84-та) и Мунас Дабур (За 2:2 во 94-та) Волфсбург - Хофенхајм 2:1

РУСИЈА

Роман Еременко (За 1:1 во 61-ва), ЦСКА Москва - Ростов 2:0

Артем Ѕјуба (За 1:1 во 45-та), Зенит - Краснодар 3:1

ТУРЦИЈА

Фаукал Фајр (За 1:1 во 46-та), Сиваспор - Галатасарај 1:2

Краљот го оставивме за крај.

9 ноември 2020 - 17:03