Нема простор за паника, Пандев доаѓа за Грузија

Македонската фудбалска репрезентација почна да се собира во Скопје во пресрет на исторскиот меч, а македонската јавност може да се смири, бидејќи попладне во Скопје пристигнува капитенот за кој синоќа се појави информација дека нема да го пуштат од Италија.

Илија Несторовски е веќе во Скопје, а денеска ќе пристигнат Горан Пандев и Елиф Елмас, со што ќе биде комплетно триото од Серија А за финалниот меч против Грузија.

Познатниот инсајдер Танкреди Палмери кој работи за beIN Sports и има преку 200.000 следбеници на Твитер, синоќа тврдеше дека регионалните здравствени власти во повеќе италијански региони им забраниле патувања на репрезентативци кои се членови на Џенова, Фиорентина, Сасуоло, Рома, Лацио и Интер, со образложение дека имаат барем еден позитивен на Ковид 19.

Но сепак нашиот капитен денеска ќе им се приклучи на репрезентативците кои веќе почнаа да се собираат во хотелот „Гранд Плаза“, која веќе неколку години е нивна база.

Потврда за неговото пристигнување добивме од портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски кој не информираше дека Пандев и Елмас денеска околу 15:30 слетуваат во Скопје.

Неизвесен ќе биде настапот на Аријан Адеми кој се повреди на тренинг во Динамо Загреб и кој веднаш по пристигнувањето ќе мора да оди на магнетна резонанца, за да се утврди сериозноста на повредата.

Македонската фудбалска репрезентација историскиот финален меч од плејофот во Лига на нации го игра во Тбилиси во четврток со почеток од 18:00 часот, со директен пренос на МТВ.

Потоа следуваат уште две средби од новата сезона во Лига на нации. Прво дома со Естонија на 15-ти, а потоа на гости против Ерменија на 18-ти ноември.

ЕДИТ:
 

9 ноември 2020 - 13:42