Откако освои титула со „лисиците“ во 2016-та, Дринквотер на голема врата во септември 2017 за 35 милиони фунти дојде во Челси каде требаше да го засили средниот ред.
Ама во Челси од таа 2017-та до ден-денес одигра само 29 меча на кои најчесто влегуваше од клупата за резерви. Сините од Лондон го пратија на позајмица во Астон Вила каде тој во февруари годинава го забележа последниот настап во професионалниот фудбал.
Дринквотер на врвот од својата кариера запиша дури и 2 настапи за репрезентацијата на Англија. Сега на 30 години трча по топка со У-23 на Челси каде последно играл во октомври во поразот 1-3 од Ливерпул У-23.
Кратко беше и во Барнли каде Челси го позајми но не се наигра фудбал ни таму.
Денес Дени од петни жили се труди да најде нов клуб во Премиер лига или во Чемпионшип каде би играл редовно. За таа цел дури и најмил продукциска куќа за да му снимат видео со неговите најдобри голови, настапи, асистенции.
Проблемите почнале да му се јавуваат кога се зближил со алкохолот, па имаше серија незгоди, што возење во пијана состојба, што тепачки по ноќни клубови, напад врз соиграчот Жота додека бил во Астон Вила итн.
„Многу пати добро се погледнав себеси. Имав повик да се разбудам по возењето пијан, па уште еден повик по тепачката во диско и на крај повик по инцидентот во Вила. Ова мораше да запре.
Притоа Дринквотер, кој на пикот на својата кариера имаше фантастични настапи во средниот ред на Челси, имал и семејни проблеми затоа што не можел да го гледа синот кој живее со мајката.
„Мојата ментална состојба не беше добра. Имаше некои работи надвор од фудбалот, дедо ми и баба ми починаа во многу краток период, можеби е смешно за некој што нема куче, но ме погоди многу кога ми загина и кучето. Се се насобра за кратко време“, вели Дринквотер кој сега собрал најдобри моменти од кариерата во едно видео и како просечните играчи од аматерските лиги, ќе го праќа по клубови за да го викнат на проба.