Од фудбалска, се префрламе на ракометна сцена. А таму ништо ново. Ракометните лекции и натаму ги предава Кире Лазаров на кој Европската куќа на ракометот му го даде епитетот „Крал“.
По првите две квалификациски кола за Европското првенство 2022 кое ќе се игра во Унгарија и Словачка, за МВП е прогласен нашиот капитен за кого годините се само бројка во лична карта.
Македонија на стартот прво дома ја совлада Финска, а потоа Швајцарија на гости, а Кире блесна на овие две средби прво со 11, а потоа со 6 погодоци.
На толку млади перспективни и искусни ракометари, прв на листата на стрелци е Лазаров со 17 гола, позиција која ја дели со Макс Гранлуд од Финска.
И во ЕХФ се свесни дека спортист од ваков калибар не е можно да се опише со еден збор.