Offside

Зеленортските Острови играат чудесно историско Светско. Ниту победија, ниту загубија натпревар во групната фаза и како дебитанти стигнаа до сензационален пласман во нокаут фаза. Тие се најмалата земја во историјата која успеала да стигне до ваков успех. Шпанија го испрати Уругвај дома.

Кај налета Нејмар баш на најголемите зафрканти на Твитер

Бразилскиот ас не успеа да го освои вториот пехар во Лига на шампиони, а откако синоќа изгуби од Баерн, срдечно му честиташе на ривалот на Твитер, ама место Баерн, пишал Баер. И толку требаше.

Луис Хамилтон во кариерата истурил 205.000 долари во шампањ

Стара и добро позната традиција во автоспортот е полевање и прскање со победнички шампањ на подиумот. Современата Формула 1 не се ограничува со стари шишиња и се користи скапоцен шампањ.

Баерн потрошил 5 пати помалку пари од ПСЖ, но докажа дека не е сè во парите

После големата победа во финалето на ЛШ со која Баерн по 6. пат во историјата го крена највредниот пехар, на социјалните мрежи се појави информација дека Баерн потрошил помалку пари на стартниот состав отколку што ПСЖ платил за еден Нејмар.

Детето на ПСЖ кое му донесе титула на Баерн против ПСЖ

Победничкиот гол во финалето на Лига на шампиони го постигна Кингсли Коман. Бекот Кимих одлично центрираше во подалечниот агол, а младиот Французин со глава ја погоди мрежата против својот роден клуб.

Лука Дончиќ е тотално луд

Кошаркарите на Далас Маверикс израмнија на 2-2 во серијата против фаворитот за титулата ЛА Клиперс, откако вечерва славеа благодарение на нереалниот Дончиќ чија легенда доби ново поглавје.

Парадокс - во Марсеј поголемо славје отколку во Минхен

Општо е познато големото ривалство меѓу навивачите на Олимпик Марсеј и Пари Сен Жермен. До толку големо што илјадници приврзаници на Марсеј вечерва излегле на главните градски улици да го прослават поразот на нивниот вечен ривал во финалето на Лига на шампиони.

Баерн по шести пат шампион на Европа!

Во не баш атрактивно финале, германскиот гигант удри печат на потврдата дека е најсилен тим во Европа во моментов. Кингсли Коман, детето на ПСЖ го реши големото финале во Лисабон против своите и Баерн Минхен заслужено ќе ја слави шестата титула европски шампион.

Промашување на деценијата во Белгија

Капитенот на Антверпен, 34-годишниот Фарис Харун, на мечот против Гент уште во 4' минута промаши нешто што се промашува само еднаш во живот. Таков зицер не е виден во белгиската фудбалска лига во скоро време. За негова среќа, Антверпен победи со 1:0 со голот на Мбокани на асистенција баш на Харун во 17' минута.

Го стави син му да дебитира, овој доби црвен за 30 секунди

Тренерот на мексиканскиот Монтереј е многу интересен лик од мешан брак. Се вика Антонио Мохамед Матијевиќ. Во Латинска Америка важи за многу почитуван стратег. Синоќа неговиот Монтереј на гости со 1:3 ја победи Клуб Америка во мексиканската лига, ама син му ја утна работата.

Банега го исмеа Конте за пресадената коса, тренерот збесна

Во финалето на Лига Европа видовме светска класа фудбал, но имаше и искри на теренот. Во еден момент судијата Дани Макели не досуди пенал по игра со рака на Диего Карлос, па во целата гужва се рчнаа Евер Банега и Конте. Аргентинецот го исмеваше за тоа што Италијанецот има пресадена коса, а Конте му одговорил со: „Ќе те видам после мечот“.

Следен пат маскотата најпаметно да ја возат со Лада Нива

Пред мечот Урал - Краснодар, во руската премиер лига, домашната маскота Шмел испрати порака дека не е важно колку пати ќе паднеш, важно е колку брзо ќе станеш.

Спектакуларно финале на Лига Европа - Севиља по 6-ти пат шампион

Во лудо финале со дури 5 гола, фудбалерите на Севиља уште еднаш покажаа дека се кралеви на Лига Европа, натпреварување кое го освоија по рекорден 6-ти пат.

Лудиот пит стоп на Ред Бул во Формула 1 на трката за Каталуња

Шест Гранд при трки по ред, тимот на Ред Бул успева да го изведе најбрзиот пит топ. Пред неколку дена во Шпанија, „биковите“ сменија четири гуми на болидот на Макс Ферстапен за 1.90 секунди. Не го урнаа рекордот ама беа близу. Апсолутниот рекорд го постави токму Ред Бул лани во Бразил кога направија чудо за 1.82 секунди.

Лејкерс победи во меч од плејоф првпат после 3.015 дена!

На 19 мај 2012 година, во култниот „Стејплс Центар“ во Лос Анџелес, Лејкерс играа во втората рунда од плејофот со фаворитот во таа серија Оклахома Сити Тандер. Изгубија на првите два меча и ги чекаше трет.

Клуб стар 114 години, за прпват ќе игра во Серија А

Фудбалерите на Специја првпат во својата долга долга историја, се изборија да бидат дел од најдоброто и најбогатото друштво на италијанскиот фудбалски крем.

Голацо го викаат во Латинска Америка, има и зошто

Васко да Гама е најпријатно изненадување на стартот на новата сезона во Бразил. После 3 кола имаат 3 победи и гол разлика 7:1. Синоќа ја добија Сеара на гости со 0:3 а Фелипе Бастос искина мрежа за вториот гол.

Кога на Сони идеално ќе го наполниш шутот

Бразилецот Леандро го долови овој момент на Плејстејшн кој секогаш резултира со станување од место и сеирење пред противникот. Леандро игра за Токио а голов е за 2:3 на гостувањето кај Хирошима.

Нема голман што ќе го одбрани тој волеј

Колумбус со три гола во мрежата го испрати Чикаго Фајр, а гостинскиот голман посебно ќе го памети тоа што му го приреди Дарлингтон Нагбе.

Полицијата во Марсеј забрани да се носи дрес од ПСЖ во недела

Поучени од долгогодишно искуство и водени од настаните од минатата недела кога стотина приврзаници на Олимпик патролилале по градот, марсејската полиција реши дека е подобро да спречи отколку да лечи.

Како да познаеш новинар кој се кладел на Барса

Барселона го претрпе најтешкиот пораз во еврокуповите откако Баерн Минхен ги потопи со 8:2, надреален резултат за ватерполо, а не па за четвртфинале на Лига на шампиони. Таквиот исход некого посебно погодило.

Кога Бергкамп го набуцкал Венгер да го купи стоперот од Латвија Степановс зошто му бил смешен

Ниту еден играч никогаш и никаде не можел да влијае на строгиот Венгер како што можел Денис Бергкамп. Сведоците од времето тврдат дека Арсен имал доверба само во Холанѓанецот која што овој еднаш ја искористил за да прави мајтап во базата. И биднал мајтап.

Судија три пати повторуваше пенал, голман три пати бранеше

Лион немаше претставник само во полуфиналето на Лига на шампиони. Младинците на овој клуб играа во 1/4 финале на младинската лига на УЕФА и изгубија 4-3 од Салцбург. Голманот на австрискиот тим младиот Даниел Антош беше јунак на мечот зошто одбрани дури 3 повторени пенали кои ги изведе еден ист играч.

Ѕвезда на Манчестер Јунајтед го учи син му да вози трактор во село

Немања Матиќ е познат по добрините што ги прави за своето родно село Врело во Србија. Наместо по Копакабани и Ибици, Матиќ секое лето го користи одморот во Врело каде со најблиските ужива.