Ибра имаше спремен одговор за закачката на Колумбиецот

Аталанта го растури Милан 0-3 на „Сан Сиро“ и прекина неколку позитивни серии на лидерот во Серија А. Гостите од Бергамо издоминираа со Запата и Иличиќ, а првиов при еден корнер го 'рчна Ибрахимовиќ.

„Не може да завршите меч без пенал. Да не сакате 13-ти пенал? (Милан сезонава има 12 пенали во негова корист), го праша Дуван Запата Ибрахимовиќ, а овој му одговори: „Јас сум дал повеќе голови отколку што ти си одиграл натпревари во кариера“

25 јануари 2021 - 08:55