Кошаркарите на ТФТ, прволигашот од скопската населба Тафталиџе се најпријатно изненадување на сезоната во најдобрата македонска лига. ТФТ синоќа го победи Куманово на гости 88-94 а најјак момент беше бананата на Амир Смит над плејот Кори Рос.
После 9 одиграни кола, ТФТ има дури 7 победи и е на високото второ место на табелата зад лидерот Пелистер кој има одиграно повеќе средби од конкурентите.