Не бе, не нè бива. И на пријателска очи ќе си извадиме. Ама тоа е кога постојат идиоти од навивачи кои ја уништија пријателската меѓу ТФТ и Чаир 2030 и испратија лоша порака до младината за тоа како НЕ треба да се води навивачка трибина. Тренерите и на двете екипи се обидувале да ја смират тензијата, ама џабе. Нападнат е капитенот на ТФТ, Едис Нури и тоа дрско со боксови од страна на неколку бараби.