Американец од Тафталиџе со еден потег ја крена цела сала на нозе
Автентичниот маалски клуб ТФТ од Тафталиџе кој само втора сезона е дел од прва лига, направи сензација откако успеа да го освои Купот на Македонија. Падна бранителот на трофејот МЗТ Скопје и тоа со пораз од 80:66, а играч на мечот беше Ландриус Хортон кој постигна 23 поени од кои едно маестрално забивање.