И покрај тоа што ова за нас беше Мундијал за заборав, сепак повторно како и на минатите Светски привлекуваме внимание и заслужено одземаме простор во медиумите и социјални мрежи, благодарение пред се на „Ил Капитано“.
Кире Лазаров ја завршува одисејата на Светските првенства со стил. Постигна 7 гола и направи 6 асистенции, а организаторите и покрај нашиот пораз, токму нему му ја дадоа наградата за играч на мечот.
Излезе целосна статистика за сите наши ракометари, а тој и покрај годините е пример за сите. Последниот Мундијал го заврши со 28 гола и 24 асистенции, прв во таборот на македонската репрезентација.
Тоа му носи нов рекорд од вкупно 500 голови постигнати на Светските и Европски првенства, нешто не остварливо до сега за ниту еден друг ракометар во историјата.
Тргна од Египет и не застана со своите брилијантни партии на дури 12 големи натпреварувања: СП во 1999, 2009, 2013, 2015, 2017, 2019 и ЕП во 2012, 2014, 2016, 2018 и 2020.
Каква кариера, какви бројки, успеси и рекорди. Модел за врвен спортист кој и пред пензија игра во форма. Гаѓа проектили, асистира, разигрува, дели памет и целосно на плеќи ја носи репрезентацијата.
Не случајно ИХФ го искористи негово присуство во Египет за да му посвети видео со интервју и мала ретроспектива од Мундијалите. Го објавија со следниве зборови: Lazarov the Great.
Lazarov the Great 🇲🇰 #Egypt2021
— International Handball Federation (@ihf_info) January 24, 2021
22 years after his first IHF World Championship, precisely in Egypt, a thankful @LazarovKiril7 looks back at his most glorious days with the North Macedonia jersey 🙌
Full feature ▶️ https://t.co/qfVIZDdyyB pic.twitter.com/4wwQbFiYE5
На Твитер има разни коментари како пример дека е човек кој не знае да шутне под 110 км на час.