Виком прв поведе против големиот Тотенхем со голот на Онијединма, а Бејл израмни во 45+2'. Резултатот долго време беше нерешен, се до 86' минута кога Хари Винкс му донесе 1-2 на Тотенхем, а Ндомбеле во 87' и 90+3' ги постави конечните 1-4 и пласман на Спарс понатаму.
Шоуто на мечот го украде Гарет Ејнсворт, тренерот на Виком, екипа која игра во Чемпионшип. Рокер, со кожна јакна и долга коса, невообичаено за шеф на стручен штаб.
47-годишниот Ејнсворт дури 8 години го води симпатичниот Виком и тој во моментов е тренер со најдолг стаж на една клупа во англискиот фудбал каде тренери се менуваат на месец-два.
Во 2014-та година харизматичниот рокер Ејнсворт го спасил Виком од испаѓање во петта лига, а минатата година за првпат во 133-годишната историја го внесе клубот во Чемпионшип.
Познато ви е дека за Виком игра билдерот Акинфенва, најразвиениот фудбалер на светот.
Интересно, пред мечот од ФА Купот меѓу Виком и Тотенхем (1:4), Мурињо и Ејнсворт си поделија убави комплименти и збореа повеќе вон-фудбалски теми.
„Он изгледа среќен. Ако е до тоа што среќен го прави да свири рок, да пее, да биде дел од прекрасниот свет на музиката, тогаш тоа треба да го прави.
Памтам како некој збореше дека со поинаква фризура ќе го сметале за одличен тренер, но не мислам дека има врска со фризурата. Пеп Гвардиола нема коса. Мојата секогаш е една иста, старомодна, седа, а тој има долга коса како рок ѕвезда. Жал ми е што не можам да пеам со него“, се пошегувал Жозе.
Ејнсворт во одговор на Мурињо му предложил да му се приклучи на неговиот бенд Cold Blooded Hearts.
Да, тренерот на Виком има своја рок-група и е познат автор. „Жозе ми кажа дека е можно да се приклучи, не би можел да пее, ама се клади дека може да свири на тапани“, изјавил Ејснворт.
За својот рокерски стил на натпреварите, Ејнсворт вели:
„Не сакам да се покорувам, не сакам да се претопам. Никогаш не сум го правел тоа. Сакам да одам во кожна јакна. Луѓето викаат: „Ишишај се“ или „Биди малку попаметен“. Ги прашувам: „Зошто?“. Не верувам дека постои причина да не бидеш свој.
Тоа како изгледам, како се носам, нема никаква врска за мојата игра. Ако моите дечки победуваат на секој меч ако имам кратка коса, одма би се скратил зошто сакам да победувам. Но знам дека тоа нема никаква врска. Друго е да си претседател на клуб и да кажеш: „Сакам да го поставам за тренер, ама не изгледа примерно“. Тоа е веќе негов избор.
Сакам внимание, ама не излегувам да го барам - тоа е веќе нарцисоидно. Има негативна конотација. Не се плашам од внимание, сакам да бидам на сцена. Сигурен сум во себе, сакам луѓе. Со фудбал и музика секогаш сте на сцена. Некои луѓе се плашат да влезат во соба полна со непознати луѓе. Се стегаат. Јас не сум таков. Само гледам колку енергија можам да им дадам на тие луѓе.“
Љубовта на Ејнсворт кон музиката оди од најрано детство. На пет години мајка му го учела што е добра музика. Таа во '60-те години била професионална пејачка во разни бендови и ги пеела хитовите на Дасти Спрингфилд и Ли. Татко му бил голем љубител на бендот The Who.
„Јас ги сакав The Doors, ја сакав нивната музика. Знам дека не се многу депресивни како Radiohead. Го сакам Џим Морисон. Бев во Париз на неговиот гроб. Ги видов и гробовите на Оскар Вајлд, Шопен, Едит Пиаф“, вели тренерот кој во 2003-та година играл за Кардиф и на доделувањето награди за најдобрите фудбалери во клубот, ја свирел Light My Fire.
„Додека играв фудбал во Вимблдон, свирев во група со Тронд Андерсен и Крис Пери. Во Квинс Парк Ренџерс кога прочитав во весник дека се бара солист, одма отидов на аудиција, пеев пред дечките и не им кажав кој сум. Не знаеа и кажаа: „Добар!“.
Изгледа дека Ејнсворт повеќе ја сака музиката од фудбалот.
„Искрено за мене е тежок изборот меѓу Лионел Меси и Мик Џегер. Мислам дека вториов би го одбрала рок ѕвездата длабоко во мене“.