Offside

По големото изненадување кое го направија во Скопје кога со 2-1 ја совладаа фаворизираната Лозана, фудбалерите на Вардар синоќа на реваншот изгубија 5-0! Уште на полувреме беше 3-0 и беше јасно кој ќе ја однесе победата на „вештакот“ во Лозана за пласман во 3. коло од Конференциска лига. Вардарци сега се посветуваат на домашните првенство и Куп.

Сашо кога пцуе, клупата се тресе на тајм-аут

Кошаркарите на Партизан убедливо изгубија во Еврокупот од Булоњ Метрополитанс во Париз 79:62, а тренерот на „црно-белите“ Сашко Филиповски не можеше да ги задржи нервите и на еден тајм-аут ги отера играчите кај што не треба.

Како пикерот од Конго ги јача своите

Велат дека ако можеш да го поминеш него, можеш секого да поминеш. Ама проблемот е што него не можеш да го поминеш.

1 минута со професор доктор Кире Лазаров

На Твитер профилот на организаторот на Мундијалот ги ставија сите негови 8 гола против Чиле на едно место и напишаа: 7 е неговиот број. 40 се неговите години. Само застанете и прашајте се. Не тој не е волшебник.

Еднаш и на Брестовац да му прекипе

Обично е мирен и ладен на клупа, без покажување емоции, како веќе сè што има за кажување да го пренел во соблекувална. Ама ете, го видовме и нервозен во моментите кога се кршеше мечот со Чиле кога не беа дозволени повеќе киксеви. Така бе Данило, викни им малце.

Како градот Билбао ја прослави победата над Барса во финале

Атлетик Билбао, еден од најстарите фудбалски клубови во Шпанија, го освои трофејот во Суперкупот откако во само неколку дена ги совлада Реал Мадрид во полуфинале и Барселона во финале. Во услови на глобална пандемија, градот вака им честиташе на своите миленици:

И Шекил О'Нил дознал за пивотот на Конго, па му се обрати

Гигантот Мавумби е хит на Светското. Даде 4 гола против Аргентина, 4 гола против Данска на Хансен, а во вторник од 18:00 најверојатно за последен пат ќе го гледаме на Мундијалот, против Бахреин кој е огромен фаворит против Африканците.

Младиот Костески израснува во голем играч

Македонската селекција е меѓу најмладите на Светското во Египет. Очекуваната смена на генерации денеска против Чиле полека вроди со плод. Младиот Стружанец Ненад Костески (2001) одигра врвна партија со дури пет гола!

Бравурозните одбрани на Мартин Томовски

Нашиот прв голман Никола Митревски со 14 интервенции беше можеби најзаслужен што ја штиклиравме првата победа на Светското во Египет. Но блескави моменти имаше и Мартин Томовски кој со фатени пенали во 46' и 57' минута ја крена еуфоријата во нашиот состав.

Конечно победа - триумф на Македонија за влез во втора фаза

Македонската ракометна репрезентација го совлада Чиле со 32-29 во последната рунда од првата фаза и со една победа оди понатаму.

Душманско забивање на Пол Џорџ против Пејсерс

Пол Џорџ на времето беше драфтуван од Индијана и своите најдобри настапи ги имаше во дресот на Пејсерс. Ама веќе некое време игра за еден од фаворитите за титулата ЛА Клиперс во чиј дрес синоќа баш против Индијана го имаше куцањето на колото.

Лудиот кош од крај до крај кој ни камера не го стигна

Неверојатен кош падна на мечот од трета италијанска лига: Кијети Баскет - Еуробаскет Рома. Гостите на пар секунди до крај имаа 3 поени предност и слободно фрлање. Ама мечот во продолженија го однесе Паулис Сорокас со будалест кош.

Рулет гол на неделата

Во иранската Про лига, лидерот Ештеглал со 1-3 го победи Трактор Сази на гости. Чеик Диабате' постигна два гола за Ештегал, а мајсторот демонстрираше и рулет, фора позната како „зиданка“.

Една година од дебито на Халанд во Борусија кој распали со хет-трик

Момче од 19 години може само да сонува деби настап во Бундеслига со три гола со кои прави пресврт и го решава мечот, па уште и за голем клуб. На Ерлинг Халанд тоа му се оствари на 18 јануари 2020-та. Малиот не застана.

Како Барса му го честиташе 50-от роденденот на Гвардиола

Точно е дека Барселона со овој човек ги имаше најубавите мигови кога во само четири години успеа да им донесе 14 трофеи. Но Пеп испишуваше историја на Камп Ноу и како играч каде во 90-те освои 15 трофеи. Погледнете како знаеше да изненади со левицата.

Голем подвиг за човештвото - искачен страшниот К2 во зимски услови

Десет алпинисти од Непал поставија светски рекорд, откако станаа прв тим кој во екстремно тешки зимски услови го качија К2 - вториот највисок врв на светот, кој се наоѓа на граница меѓу Пакистан и Кина.

Преведувачот на Светско кој не знаел кои играат

Многу учесници на ракометниот Мундијал во Египет се пожалија за условите во кои се одвива Светското првенство. Последна утка направи Египќанецот кој бил задолжен да ја води прес-конференцијата по мечот Шпанија - Полска. Дечкото ладно го праша полскиот селектор против кого играле.

Генијална идеја како да го сочуваме голот од Чиле

Најлошата фудбалска екипа во холандскиот шампионат се вика Емен и има примено 45 гола по првите 17 гола и ниту една победа. На навивачите им дојде преку дур и решија да го појачаат голот.

Гундоган, што стори бе пријателе?

Манчестер Сити сериозно се враќа во трката за титулата откако врза 5 победи по ред (8 во сите натпреварувања). Синоќа во Премиер лига падна Кристал Палас чиј голман 4 пати ја вадеше топката од мрежа. Илкај Гундоган го даде третиот гол за домаќинот. Еврогол уствари.

23-годишникот јунак на Билбао кој ја урна Барса па свиреше на труба

На Барса не ѝ помогна ниту фантастичниот Антоан Гризман кој постигна два гола за две водства на Каталонците во финалето на шпанскиот Суперкуп. (Французинот има 4 гола и 3 асистенции на последните 4 меча). Атлетик Билбао два пати се врати, а во продолжение и го нокаутираше ривалот.

Ти го мислиш уште е во Реал, тој даде два во Бундес

На 32 натпревари во Шпанија постигна 2 гола, потоа се врати таму од каде што дојде и за 32 минути постигна 2 гола. Што ти е фудбал.

Голчиште на Билбао против Барса вредно трофеј

Само неколку дена откако Барселона го совлада Атлетик Билбао на гости во првенство, Баскијците во финалето на Супер Купот им вратија со иста мера од 2:3. Барселона го имаше мечот во свои раце, но Атлетик израмни во 90-та минута за продолженија, а потоа ја завери победата по само 3 минути игра со јак гол на Инаки Вилијамс.

Меси го доби првиот црвен картон во Барса после 753 меча

Барселона на неверојатен начин го испушти првиот трофеј под водство на Роналд Куман иако два пати водеше против Атлетик Билбао во финалето на шпанскиот Супер Куп.

Колку играчи на Сиваспор во бели дресови гледате на снегов?

На мечот Истанбул Башакшехир - Сиваспор (1:1) во турската Суперлига се било во ред до 20' минута, но почнал да паѓа снег па гостите едвај се познавале со бели дресови.

Совршено деби на Харден за Бруклин, се крои ли шампионско трио?

Откако конечно после неколку години му се оствари желбата да замине од Хјустон и да заигра во друг тим, Џејмс Харден синоќа дебитираше за Бруклин Нетс во победата над Орландо 122:115. „Брадата“ уфри 32 поени, имаше 14 асистенции и 12 скока.