Кипар, Финска, Летонија и Полска ја имаат честа да го организираат 42. Европско кошаркарско првенство. Ќе учествуваат 28 НБА ѕвезди. Србите се фаворити за златото.
Лука Станковски, 19-годишниот фудбалер на Работнички ги договорил условите за трансфер во амбициозниот италијански второлигаш Монца кој го води легендарниот тандем Силвио Берлускони - Адриано Галијани.
Никогаш доста од најдобриот на сите времиња, од великанот, од великодушниот кој најново, донираше 10 милиони долари за изградба на две клиники во Северна Каролина. Денеска полни 58 години, а тоа што го остави во наследство за гледање, не старее.
Најголема сензација на овогодинешниот Австралија Опен 2021 е еден 27-годишен тенисер од Русија за кого ретко кој слушнал пред неколку недели. Главна вест е од Мелбурн.
Минатиот викенд дури и на најмодерната арена во Германија, Алијанц Арена, напаѓа еден куп снег, па мечот Баерн - Арминија Билефелд на два пати беше прекинуван за да се исчисти снегот и линиите да бидат повидливи. Гостите прво поведоа 0-2, па дури и 1-3 ама на крај Баерн спаси бод благодарение на левиот бек Алфонсо Дејвис кој не само што даде гол туку и леташе по снегот.
Играше за клубови како Јувентус, Интер, Парма, Рома, три пати го има освоено Купот на УЕФА, но никогаш не се смири. Еднаш се степа со двајца полицајци, местеше натпревари, ја малтретираше жена му и сега со еден куп трева го фатија.
Жерард Пике збесна на 1:1 и почна да пцуе на цел глас дека не направиле ниту еднаш подолг посед на топка, на што реагираше Гризман кој се обиде да го смири. Кој знае што било на 1:4 во соблекувална.
Пред магичниот Килијан Мбапе, само двајца фудбалери во историјата успеале да постигнат дури три гола против Барса во Лига на шампиони. Интересно и двајцата стигнаа до тоа во 1997-ма.
ГОГ Гудме падна во Битола со резултат 32:31 во Европската лига. Па како нема да падне, чавки да ставиш на тој студ ќе паднат. Данците пред мечот објавија видео со наслов „Ставете капи и ракавици“ и се уснимија за да покажат дека во салата Боро Чурлевски има “ху“ или на послободен разговорен јазик “јаху“ :). Никако да ја загреат таа сала.
Голманот на Лајпциг, Петер Гулачи е хит број 1 на интернет со голманската Спајдермен реакција, досега невидена во Лига на шампиони. Се сплетка во мрежата ко крап.
Килијан Мбапе е ладнокрвен егзекутор кој синоќа на својот прв настап некогаш на Камп Ноу и против Барселона воопшто, им ја наполни мрежата. Ама човек од позадина кој ги влече сите конци на играта на Парижаните е неверојатниот Марко Верати. Италијанецот игра како Иниеста на времето.
Францускиот шампион предводен од Почетино, го освои празниот „Камп Ноу“ и со една нога е во 1/4 финале на Лига на шампиони, откако вечерва со 1-4 ја демолираше Барселона. Домаќинот поведе од пенал на Меси, Мбапе креираше тотален пресврт.
Од една камера се гледа како Холанѓанецот сам ја удира својата нога и се сопнува, а од друг агол се приметува како левиот бек на ПСЖ Курзава има контакт со Френки Де Јонг. Останува нејасно зошто судијата не погледна ВАР во 27' минута кога Барселона доби пенал кој го реализираше Меси за 1-0.
Барселона и ПСЖ после четири години одново се среќаваат во 1/8 финалето на Лига на шампиони. Сите го памтат неверојатниот двомеч кога по убедливиот пораз од 4:0 во Париз, Барселона на Камп Ноу славеше 6:1 и отиде понатаму.
Комити на својата Фејсбук страна објавија многу јака случка за нивните браќа од Германија за која велат дека заслужува да биде во учебниците. И стварно е така.
Што ти прави гол технологијата која мери со милиметри, ама и голманската упорност на Србинот Рајковиќ од Реимс кој ја скроти топката во последен, ама ептен во последен момент. Инаку голот не важи од вториот обид. Офсајд имало.
Светскиот рекет број 1 последните неколку дена на Австралија Опен влече повреди кои го спречуваат да го игра најдобриот тенис. Попладнево после 3 ипол часа макотрпна игра со 3-1 во сетови го совлада Александар Зверев и ќе игра во полуфинале. Во еден момент од третиот сет Ѓоковиќ го пеплоса рекетот.
Коронавирусот продолжува да влијае на еврокуповите и меѓународните гостувања во Лига на шампиони и Лига Европа. Ако минатата сезона УЕФА смисли да ги собере сите преостанати клубови во осминафиналето на едно место, овојпат планот е поинаков.
Суперѕвездата на ЛА Лејкерс мака мачи со повреда на Ахиловата тетива која наизглед делува лесна и решлива, ама докторите предупредуваат дека во иднина кариерата би можела да му биде доведена во прашање. „Замислете каков притисок на најслабиот дел од телото врши висина од 208 сантиметри и габарит од 115 килограми“
Капитенот на Македонија го образложи статусот на Инстаграм со кој ја нападна ФФМ дека не се грижи и не им помага на македонски клубови, туку важни им се само личните интереси.
Синот на Милко Ѓуровски, веќе 10 години е на Тајланд. Таму се прослави како играч, постигна 93 гола за три различни клуба, а од октомври лани на 35 години стана тренер и седна на клупата на Муангтонг Јунајтед. Екипата под негово водство има одлична серија од неколку победи а играат и добар фудбал.
Шведскиот трофеен клуб АИК од Стокхолм синоќа прослави јубилеј 130 години од своето основање. За овој голем настан, навивачите приредија спектакл во главниот град.
Македонскиот репрезентативец Иван Иве Тричковски веќе неколку години е меѓу најдобрите стрелци во фудбалската лига на Кипар. Тричко и синоќа беше прецизен во триумфот на неговиот АЕК Ларнака над Ахнас 3:1. 10-ти гол досега во лигата за некогашниот центарфор на Вардар, Работнички, Клуб Бриж и Легија Варшава.
Чекај бе, ние мислевме дека сме врвот во ова и го критикувавме Кратово. Па таму барем имаше зелена површина, а ова е како да играш во бара и не можеш ни фор да и дадеш на топката, а не па да ја додадеш. Најјакото е што судијата вели терај, супер е за игра, а копачките им пливаат во вода.
Лариса и АЕК одиграа меч кој ако го чекаш за добивка, ќе ти застане здивот. Прво полувреме завршува 0:2, па домаќините израмнуваат со голови во 70-та и 80-та. Финишот не можеше да биде полуд. АЕК дава гол за 2:3, Лариса добива пенал со ВАР и го промашува во 95-та. Гостите тргнаа во контра и ги дотолчија со конечни 2:4.