Црвена Ѕвезда остана без ЛШ со чудесија од гол во 89-та минута

Во новата сезона од Лига на шампиони ќе ги гледаме Пафос, Бодо Глимт и Каират, сите три екипи дебитанти во најелитното клупско европско натпреварување.

Пафос од Кипар, Бодо Глимт од Норвешка и Каират Алмати од Казахстан направија сензација во 3. квалификациско коло од ЛШ и се изборија за прв историски настап во групната фаза или од лани, во единствената група од ЛШ.

И покрај тоа што важеше за аутсајдер во дуелот со Црвена Ѕвезда, Пафос го елиминираше поранешниот европски шампион со нестварно голчиште во 89-та минута за конечни 1:1, после изненадувачкиот триумф во Белград од 1:2.

Србите поведоа во 60-та минута преку Иваниќ, но Жажа во финишот ги збуни сите со ретко виден лоб на прва.

Историја испиша и Бодо Глимт, кој влезе во елитата со убедливи 6:2. Синоќа загуби на гостувањето од Штурм со 2:1, но работата си ја заврши дома со убедливи 5:0.

И како круна во овие квалификации е Каират Алмати од Казахстан, кој го елиминираше Селтик на пенали после двата меча кои завршија без голови.

27 август 2025 - 08:29