Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Флуминенсе има куче ултрас

Го тепаа Фламенго 2:0, а тој и на двата гола збесна од радост.

Македонија спремај се за Светско, Португалците фатени со допинг

Падна првата квалитетна првоаприлска фудбалска шега на која со оглед на еуфоријата, ако не погледне човек кој датум е денес, може и да се излета. Најјако на свет би било за пар денови, стварно да ги фатат позитивни.

Атмосферата во Јане Сандански повторно во фокусот на ЕХФ

И покрај тоа што ова не се денови на радост за Вардар, кој во рок од неколку дена загуби дома од Еурофарм Пелистер, па од Веспрем, сепак верноста на навивачите синоќа повторно беше на ниво. ЕХФ тоа го препознава и го истакнува.

Една година од чудото наречено Дуизбург

31 март 2021 е датум на кој цел свет пишуваше за сензацијата која македонската фудбалска репрезентација и ја приреди на Германија. Со головите на Пандев и Елмас, а на кормилото Игор Ангеловски, Македонија славеше 1:2 и стана трета селекција во историјата на мундијалските квалификации која успеала да го победи на гости четирикратниот светски и трикратен европски првак. Другите две се Португалија 1985 и Англија 2001. Незаборавна ноќ.

Талески шоу во стилот на Лазаров

По мечот на кариерата за Македонија пред две недели против Романија на која и плесна 10 гола, Филип Талески се покажа во одлично светло и на клупски план. Заедно со Дибиров беше прв стрелец против Веспрем со 6 гола и по само 5 минути игра повторно ископира финта на Кире Лазаров.

Дебакл на Вардар во Јане Сандански

По поразот од Еурофарм Пелистер во Суперлигата, ракометарите на Вардар повторно загубија пред своја публика, овој пат од Веспрем во осминафиналето на ЛШ.

Македонија повторно налета на Португалија, ама овој пат ракометарите

Македонската ракометна репрезентација ги дозна противниците во квалификацискиот циклус за Европското првенство 2024 кое ќе се игра во Германија.

Кои следни датуми треба да си ги додадете во календарот за Македонија?

Едно од најпоставуваните прашања после финалето со Португалија е: Сега што е следно и кога ќе се оди на Градски да се бодрат момците на Боби? Одговорот е: Стрпете се два месеци.

Македонија оди јуриш напред на рангот на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација за жал не успеа да оствари уште сон од детството, ама остави срце на терен, ја победи Италија и оствари напредот во рангирањето.

Ристовски: Македонско сонце го огреа светскиот фудбал, ние сме шампиони на срцата

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација им се заблагодари на навивачите за поддршката и испрати порака дека треба да и се верува на оваа селекција. Под постот му се обрати и Бруно со кој останаа другари од Спортинг.

Сеќавање на сите култни топки од сите Светски првенства

Светското првенство во Катар е сè поблизу. Во среда гигантот adidas го промовираше официјалниот фудбал со кој ќе се играат натпреварите на Мундијалот. Се вика Al Rihla, во превод од арапски - патешествие.

Шармантната Турчинка која му правеше интервју на Пандев, го облече дресот на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација едно време не можеше една трибина да наполни на Градски, а сега има поддршка од сите страни. Убаво е чувството кога ќе видиме како некој од надвор и се радува и ја бодри.

Интересна средба на српскиот и хрватскиот селектор

Во Доха (Катар) во петок од 17 часот ќе се извлече ждрепка за групите на Светско првенство 2022. За таа прилика селекторите на сите пласирани репрезентации се собраа во земјата домаќин. Фин муабет имале предводниците на Србија Драган Стојковиќ - Пикси и Хрватска Златко Далиќ.

Потег на Лука Дончиќ со кој исмеа противнички играч

Еден од најдобрите кошаркари во НБА, синоќа го водеше својот Далас до нов триумф, овојпат кај Кливленд Кавс со 112:120. Маверикс се на одлично место кое сигурно води во плејофот. Дончиќ имаше 35 поени, 9 скока и 13 асистенции. Имаше и еден потег со кој зашемети еден противнички играч.

На мечот со Македонија, две навивачки побараа сперма од Роналдо

Фановите од супер ѕвездата обично бараат автограм, селфи или дрес, ама овие две Португалки влегоа малку во длабокото. Инаку Роналдо има четири деца, а Георгина е трудна.

Пандев му врати на Панчев

Непотребна размена на зборови преку медиумите на двете македонски легенди и поранешни играчи на Интер. Прв почна Дарко Панчев.

Што сè успеа да направи Македонија во изминативе 17 месеци?

Од Тбилиси до Букурешт, а потоа од Скопје, Дуизбург, па до Палермо и Порто и на само 90 минути до Катар. Изгинаа за дресот, ја сплотија нацијата и натераа да ги гледаат и луѓе кои не пратат фудбал. Тим за гордост.

Фудбалот во една фотографија

Камерун на луд начин се пласираше на Светско првенство во Катар. Иако пред неколку дена изгубија дома 0-1 од Алжир, синоќа на реваншот победија идентично 0-1 со гол на Ерик Шупо-Мотинг па мечот отиде во продолженија. А таму прво на Алжир му поништија чист гол, па Ахмед Туба во 118’ минута израмни на 1-1 и кога домаќинот само неколку секунди го делеа од Светско првенство, Карл Токо Екамби од Лион дава гол за 1-2 во 120+4’ минута.

Дресот на Роналдо од мечот со Македонија заврши во најсигурни раце

Најдобриот португалски фудбалер беше добро покриен од нашите одбранбени фудбалери, но и покрај тоа што не даде гол, му асистираше на Бруно Фернандеш за првиот гол на мечот. Кристијано после средбата објави дека Португалија се пласирала таму каде што реално припаѓа, а дресот после натпреварот со Македонија го даде на неговата најдрага личност.

Легендата со тапанот во Букурешт беше и во Порто

И покрај тоа што се појавија скаперници кои за чартер без спиење, ги одраа македонските навивачи со по 500 евра, верноста на нашите јунаци и овој пат не изостана од трибини. Царот кој го дупна тапанот за Македонија на Европско, а потоа обезбеди нов, ги бодреше фудбалерите и во Порто.

Нова будалаштина на Ник Кирјос, го пцуеше судијата

Или мислат дека е забавен и привлечен за публика што е вака прост, или го држат намерно за со ексцентрични испади да го прави тенисот погледлив. Трето нема. Сега направи глупост на мастерсот во Мајами каде после поразот 2:0 во сетови од Јаник Синер го пцуеше судијата и не се поздрави.

Горан Пандев им се обрати на другарите

Македонија заслужено една недела беше главна тема во најголемите спортски медиуми во светот. Дечките одиграа храбро и оставија пример за тоа како се носи репрезентативниот дрес. На тоа им честиташе и нивниот доскорешен капитен и вистинска легенда.

Роналдо испрати порака по триумфот над Македонија

Кристијано Роналдо со Лионел Меси влегоа на вечната листа на фудбалери кои играле (обезбедија пласман) на 5. Светски првенства. На оваа листа се само уште Лотар Матеус, Мексиканците Рафа Маркез и Антонио Кабрахал и Џанлуиџи Буфон.