Во последното коло од првата фаза квалификации, Словенија славеше 81:84 (17:22, 24:19, 20:29, 20:14) на гости кај Шведска, многу потешко од очекувањата.
36-годишниот Горан Драгиќ во веројатно последниот меч за репрезентација постигна 20 поени а лидерот Дончиќ уфрли 31 поен (10/20 од игра) со 10 скока и 6 асистенции.
Во еден момент шведските навивачи му скандираа „преценет си“ (“Overrated“) на што Лука се насмеа и реши сам да ги победи. Мечот го следеше и неговиот идол Дирк Новицки, клупска легенда на Далас Маверикс кој исто му дофрлаше во шега „преценет“:
Од оваа група Финска и Словенија одат во следна фаза квалификации за Светско првенство 2023, а Хрватска испаѓа во најслаба дивизија.