Фантастичен потег на Калин Ивановски на Вимблдон

Најдобриот македонски тенисер игра на јуниорскиот турнир од Вимблдон каде што се пласираше во осминафиналето откако денес експресно за само еден час го совлада Родриго Пачеко Мендез 6-1, 6-2. Калин победата ја завери со шмекерски потег, со сервис низ нозе на меч топка, во стилот на најголемите асови.

Следен противник на Македонецот ќе му биде Едас Бутвилас. Калин Ивановски и минатата 2021-ва стигна до оваа фаза на јуниорскиот дел од Вимблдон и сега е право време да ја прескокне оваа скала.

5 јули 2022 - 15:27