Калин Ивановски гази на Вимблдон, ќе игра во четвртфинале

Големиот македонски талент стигна до најголемиот успех во кариерата, откако на најпрестижниот тениски турнир во светот, го елиминираше Литванецот Едас Бутвилас во јуниорска конкуренција.

Само еден ден откако го совлада убедливо со 2:0 (6:1, 6:2) Родриго Пачеко Мендез од Мексико, Ивановски го елиминираше и Литванецот Едас Бутвилас со што стигна до историски успех на Вимблдон во категоријата до 18 години.

Се работи за истиот противник од лани, кој го победи во маратонски меч кој заврши со 7:6, 7:6. Но овој пат победата ја оствари со 2:1.

Првиот сет го доби со 6:4 и работата можеше да ја заврши повторно по два сета, бидејќи во вториот водеше со 4:2. Но влезе во кризен период и загуби со 7:5.

Во решвачакиот сет не му даде на Литванецот да писне и го збриша со 6:0.

Ивановски го заврши мечот со 38 винери наспроти 25 на Бутвилас, оствари 26 поени на мрежа и искористи 5 од 13 брејк топки.

Во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Словенецот Артнак и Шпанецот Роденас.

6 јули 2022 - 14:23