Нереален поен на Ѓоковиќ кој остана залепен на трева

Српскиот тениски ас веќе по кој знае кој пат се надминува себе си со шампионски и лудачки пресврт. Во четвртфиналето на Вимблдон губеше 2:0 од Италијанецот Јаник Синер, генерација 2001, но му се врати и го расканта со 6:3, 6:2, 6:2. Сите зборуваат за овој неверојатен бекхенд, а коментаторот на Спортклуб: Ова не е нормално. Авион, акробат.

Шоу на публиката имаше и во третиот сет, но овој пат Синер го зема поенот.

Италијанецот во четвртиот сет лошо нагази при еден трк, а Новак направи џентлменски гест.

За пласман во финале, Ѓоковиќ ќе игра против Британецот Камерон Нори, кој е 12-ти на АТП и кој исто така по долга битка од три и пол часа го совлада искусниот Белгиец Давид Гофан со 3:2.

6 јули 2022 - 08:52