Тројката која ги фрли во очај Бугарите

Босна и Херцеговина ја победи Бугарија 76:73 во последното коло од првата фаза квалификации за Светско првенство. Џанан Муса, лидерот на БиХ прво во самиот финиш промаши две слободни фрлања но му се укажа шанса за поправен испит и со тројка од далечина на секунда пред крај и донесе триумф на Босна и Херцеговина против Бугрија. БиХ во следната фаза ќе игра против Франција, Унгарија и Црна Гора.

Легендарната сала „Скендерија“ во Сараево беше во транс по погодената тројка на Муса

 

5 јули 2022 - 09:26