Риера некое време беше помошник тренер во Галатасарај а ова требало да му биде прва самостојна работа.
Но навивачите на Олимпија познати како Green Dragons, со хулигански упад на прес-конференција, во одбрана на нивниот миленик Роберт Просинечки - Жути, решија да го избркаат целото раководство и новиот тренер.
Na novinarski konferenci NK Olimpije je pestro. pic.twitter.com/MuL9yxj8oG
— Sportklub Slovenija (@Sport_Klub_Slo) July 4, 2022
Шпанецот кој играше и за репрезентацијата на Шпанија после скандалот рекол:
„Никогаш во живот не сум видел вакво нешто што видов во Словенија, а тоа е навивачи да влезат во сала за медии. Заминав од прес-конференцијата за медии зошто веќе немаше спортски пршаања. Добив многу пораки од пријатели и познаници од Шпанија но морам да кажам дека не се уплашив во ниту еден момент“, изјавил Риера за шпанска „Марка“.
V skladu z napovedmi tudi današnjo novinarsko konferenco v dvorani spremlja navijaška skupina Green Dragons.
— Jaka Kozmelj (@kozmelj) July 4, 2022
Očitno jih sprememba termina ne moti preveč. #nkolimpija #PLT pic.twitter.com/1ly5yfDqUc
„Не се жалат тие од мене, изгледа дека се лути поради отказот кој го добил Роберт Просинечки. Се жалат од управата на клубот и претседателот, а јас со тоа немам врска“, додал Риера.
Тој на времето играше во Сити и Ливерпул а во 2016-та кариерата ја заврши во словенечкиот клуб Копар.
Што се однесува до Роберт Просинечки, тој како некогашна играчка легенда на Олимпија Љубљана, е омилен меѓу навивачите. Доби отказ а претседателот на клубот рекол дека Просинечки и неговиот стручен штаб се картал, пушел цигари, пиел алкохол а неколку пати дури и се усудиле да го откажат тренингот на подготовките за новата сезона.
Takole pa je Roberta Prosinečkega z novinarske konference pospremilo kakšnih 20, 30 članov navijaške skupine Green Dragons, ki so bili prisotni ob današnjem druženju z novinarji. pic.twitter.com/jEQYECBdD5
— Rok Viškovič (@Rok_Viskovic) July 2, 2022
Но Просинечки одговори:
„Долго време сум во фудбалот и никогаш во живот не сум работел со такви преваранти и лажговци. Апсурдно е како го водат клубот, вакво нешто не би режирал ни Алфред Хичкок“.