23 години од денот кога Мартин Палермо промаши три пенали на еден меч

На 4 јули 1999-та година во парагвајскиот град Лука се одигра легендарен меч од Копа Америка меѓу репрезентациите на Аргентина и Колумбија. На овој натпревар, аргентинскиот шпиц Мартин Палермо, најдобриот фудбалер во Јужна Америка за 1998-ма и еден од најпопуларните во негово време, промаши дури 3 пенали!

Аргентина изгуби 0:3 од Колумбија а култниот центарфор на Бока дури три пати промаши од белата точка и влезе во Гинисова книга на рекорди.

Веднаш после овој натпревар, по судиската свирка, група хулигани со каменици го гаѓале домот на родителите на Палермо во градот Ла Плата, а телефонот буквално им прегорел од повици цела ноќ.

Можеби најжален момент во кариерата на врвниот шпиц кој стана најдобар стрелец во историјата на Бока Хуниорс, икона за навивачите на овој клуб кој со него како лидер освои еден куп трофеи и титули, но целиот свет го памети како играч кој промашил три пенали. Фудбалска судбина.

Палермо во Гинисовата книга на рекорди е влезен и по голот од 40 метри далечина против Велез Сарсфилд.

Поразот од Колумбијците имал големи последици по „гаучосите“ зошто Аргентина го освои второто место во групата и во четвртфинале отиде на вечниот ривал Бразил кој ги победи 1:2.

Мартин Палермо влезе во Гинис како прв фудбалер во историјата која не реализирал дури три пенали на еден ист натпревар.

4 јули 2022 - 11:47