Играше за Шпанија, сега ќе игра за Гана на Светско првенство

Најдобриот фудбалер на Атлетик Билбао, црномурниот Ињаки Вилијамс чии родители водат потекло од Африка а тој е роден во Баскија и како таков стекна право да игра за клубот кој има стрикна политика да не ангажира играчи од страна, реши да направи репрезентативна смена.

Ињаки Вилијамс на својот Твитер налог реши да стави крај на повеќемесечните шпекулации и ја одбра Гана која ќе игра на Светско првенство 2022 во Катар претстојнава зима.

„Ми дојде моментот да си ги најдам корените во Африка и Гана. Сакам да вратам мал дел од она што Гана го направи како важна улога да се откријам како личност. Денес почнува нов почеток. Од сега па натаму ќе го бранам дресот на Гана. Ќе дадам се најдобро, ќе бидам една од Црните Ѕвезди“, вели Ињаки, клупска икона на Атлетик Билбао.

Родителите на Вилијамс се родени во Гана. Тој пред неколку месеци ја раскажа нивната потресна приказна дека пешки ја поминале буквално цела Сахара со цел да најдат макар мала шанса да се преселат во Европа и да овозможат подобар живот за себе и за своите деца.

„Мајка ми и татко ми ни раскажуваа на мене и на брат ми како оделе пешки по цела пустина Сахара по неверојатни температури. Попат многумина биле ограбени, некои умирале и останувале таму засекогаш. Вечно ќе им бидам благодарен на моите“, рекол еднаш Ињаки Вилијамс, човекот кој со неверојатни 228 натпревари по ред во дресот на Атлетик Билбао во серија без престан постави рекорд на шпанскиот фудбал!

Интересно, на тој начин Ињаки Вилијамс ќе стане шестиот фудбалер на Атлетик Билбао кој ќе игра за друга репрезентација од Шпанија. Баскискиот тим досега дал 102 фудбалери за Шпанија.

Ињаки првпат заигра за У-21 репрезентацијата на Шпанија во март 2015. Легендарниот Висенте дел Боске во 2016-та година го стави на списокот патници за Европско првенство во сениорската репрезентација на Шпанија.

За „црвената фурија“ Ињаки Вилијамс дебитираше на 29 мај таа 2016-та кога влезе наместо Марко Асенсио во пријателски меч со Босна и Херцеговина.

Неговиот помлад брат Нико Вилијамс пред неколку сезони дебитираше за Атлетик Билбао и има 5 настапи за Шпанија У-21. Тој уште не решил за која репрезентација би играл доколку добие повик од шпанскиот селектор и Гана.

ФИФА дозволува играчи кои одиграле еден официјален меч за една репрезентација, да имаат право да сменат национален тим во текот на кариерата.

Гана претходно, во септември ја очекуваат два меча со Ангола во рамки од квалификациите за Купот на Африкански нации. Се очекува Ињаки Вилијамс да биде дел од составот на селекторот на Гана Крис Хјутон кој беше тренер на Тотенхем, Њукасл, Бирмингем, Норич, Брајтон и Нотингем Форест. 

6 јули 2022 - 13:18