Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Аматерска грешка на голманот на Интер која може да биде клучна за Скудетото

На еден од трите заостанати натпревари од Серија А, Интер вечерва киксираше на гости против Болоња и загуби со 2:1. Остануваат уште четири кола до крај во кои Милан влегува со предност од 2 бода и ако ги добие станува шампион. Иван Перишиќ е пишман што се реши при изведувањето на аутот да му ја подаде на вториот голман Раду кој тешко се избламира.

Ливерпул за две минути два пати го разби бункерот на Виљареал

По лудата полуфинална пресметка на Етихад која заврши со 7 гола, Ливерпул и Виљареал не успеаа да го повторат мечот на сезоната во ЛШ. Момците на Клоп обезбедија солиден резултат против изненадувањето на сезоната, кој ветува пласман во финале.

Како Лука Модриќ беше изгласан за најлош трансфер во Ла Лига?

Насловот нема врска со некаква заебанција, туку е апсурд од гигантски размери со избрзана и непотребна анкета. Пазете, се однесува на човекот кој потоа во иста година ги освои Златната топка и наградата за најдобар играч во светот според ФИФА, со што ја прекина низата на Роналдо и Меси.

Мбапе добил 10 гласа на изборите за претседател на Франција

После претседателските избори во Франција, тамошниот печат пишува за интересни анегдоти од гласањето. Најдобриот француски фудбалер во моментов, ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе во вториот круг добил 10 гласа.

Рамстор со голман играч до сигурна победа над Спорт Лајф

Во последниот натпревар од 19. коло во Бизнис лигата на Македонија, Рамстор убедливо славеше над Спорт Лајф.

Махер на колото кој погоди 7+ и кец у два

Го фаќа полуфиналето од ЛШ дека ќе паднат минимум 7 гола и дека Милан ќе го тепа Лацио со пресврт, резултат кој му го дава во 92-ра минута. Како бе ги намириса жити се?

Ким од Јужна Кореја кој не пропушта натпревар на Македонија

Махер на пролетта меѓу македонските корисници на Твитер е извесен 16-годишен Кореец Сео-Цин Ким кој редовно ја следи нашата фудбалска репрезентација.

Како Дончиќ ги следеше истовремено кошаркарите и фудбалерите на Реал?

Лука Дончиќ синоќа беше, односно не беше на мака, бидејќи има направено едноставна стратегија како да гледа два натпревари кои се играат во исто време, а тој не сака да ги пропушти.

Кои се најмалите градови кои имале полуфиналист во Лига на шампиони?

Во ера на модерен фудбал полеан со милијарди од шеици, нафтни магнати и олигарси, речиси и да подзаборавивме на некои убави романтични фудбалски приказни од минатото. Кој денес би се сетил дека малите Ла Коруња, ПСВ Ајндховен, Леверкузен, Нант и Шалке играле во сама завршница на Лига на шампиони?

Забивање на сезоната во НБА

Во петтиот меч од плејоф серијата меѓу Мемфис и Минесота, Џа Морант ги водеше Гризлис до триумф 111:109. Најатрактивниот кошаркар сезонава во НБА синоќа постигна 30 поени со 13 скока и 9 асистенции. На крајот од третиот периот Морант тргна во продор а на патот му се најде Малик Бизли кого го залепи на постер.

Фотографија која покажува што тип навивачи има Манчестер Сити

Клубот вложува милијарди, носи врвни тренери, врвни играчи, прави врвна инфраструктура и веќе неколку години се поти да стигне во врвот во ЛШ. Потоа стига до полуфинале, каде Бензема им дава два гола и им се заканува со елиминација, а ти го сликаш како се радува на гол против твојот тим? Не знам, чудно малце. Еве кажете вие што мислите?

Модриќ не старее

Има 36 години, 10 години е во Реал, сè освои, вкупно 17 трофеи од кои 4 во ЛШ и абер нема да падне во формата. Каква играчина излезе овој човек. Дефинитивно со Бензема се главни играчи на Бернабеу. Погледне го каков владетел е со топка.

А видовте ли што му направи Валверде на Зинченко?

Ако го гледавме полуфиналето синоќа, знаете за што ви зборуваме. Потегот беше нотиран и од коментаторот и ова е еден од оние дриблинзи кој не знаеш дека постојат, а не па да го предвидиш.

Кај се чува кечапот, во фрижидер или шкаф?

Додека Сити и Реал приредуваат маестрална партија со атомски фудбал, а во второто полуфинале од ЛШ Ливерпул вечерва го пречекува изненадувањето Виљареал, во тренинг базата на Кристал Палас ги мачат тешки и деликатни прашања.

Реакцијата на Пеп кога Винисиус со еден потег го поништи Фернандињо

Натпревар со 7+ во полуфинале од ЛШ не се испушта, а меѓу задолжителните пикантерии од мечот влегува и реакцијата на Гвардиола кога Винисиус Жуниор го исфрли од игра Фернандињо. Пеп беше очаен и се свитка како клопче, а потоа клекнат на земја под тензија го следеше спринтот на Бразилецот кој го матираше Едерсон.

Сјајните бројки на Бензема, кралот на Лига на шампиони

Карим Бензема ја продолжува неверојатната голгетерска серија во Лига на шампиони и благодарение на неговите погодоци „кралскиот клуб“ ќе брка само гол негатива на реваншот со Сити.

Спринтот и голот на Винисиус Жуниор кој ќе се прераскажува

Карим Бензема и Винисиус Жуниор се најдобриот тандем сезонава во Европа. Растураат со асистенции и голови. Кога Реал паѓа, тие двајца го креваат и го враќаат во игра. На „кралевите“ им треба уште само еден бод до нова титула во Ла Лига, а имаат и добар резултат пред реваншот со Манчестер Сити во Лига на шампиони. За тоа најзаслужни се Бензема и Вини.

Лудата Паненка на маестро Карим

Само фудбалски величества од типот на Франческо Тоти и Карим Бензема имаат луда храброст во полуфинале на некој историски меч, да изведат пенал со познатиот шут Паненка, наречен така во чест на Чехословакот кој прв го демонстрирал овој начин на изведување пенал.

Атомски фудбал и невиден спектакл, Сити - Реал 4:3

Фудбалерите на Манчестер Сити и Реал Мадрид го одиграа најдобриот меч во Лига на шампиони сезонава. Прекрасен фудбал, најдобар што светот може да го пружи во моментов. Врвни акции, шанси, потези и голови. Сè е отворено пред реваншот.

Аријан Адеми – динамовец кој тешко дека некој ќе го надмине

Адеми е татко на соиграчите. Кога е на терен, тимот делува многу посигурно, па дури и поопуштено. Кога премногу ќе се опуштат, тој е тој што ќе свика и ќе му се фрли во лице на оној за кој мисли дека во тој момент не е внесен во мечот. За Динамо е она што беше Тоти за Рома.

Скеч да снимаа за комедија, немаше ваков гол да снимат

Триесет и четврто коло на унгарска втора фудбалска лига. Играат Кечкемет и Сегед 2011. Домаќинот победил 4-0 и сега како втор е на прагот од пласман во прва лига. Еден од головите е стварно Бени Хил пародија.

Е тоа е држава и клуб, тренерот на шампионот Баерн после неумесна изјава отиде на пожарникарска обука

Баерн Минхен по неверојатен 10-ти пат по ред ја освои шампионската титула во Бундеслига и тоа на најсладок начин после победа од 3-1 над големиот ривал Борусија Дортмунд. Баварците доминираат со години, најбогат се и најдобар клуб а тоа го докажаа и преку еден интересен пример.

Тренерот на Баерн со мегафон им се заблагодари на вработените во клубот

Баерн Минхен со шампионско расположение го одржа првиот тренинг по освојувањето на 10-та титула по ред во Бундеслигата. Шампионите добија аплаузи, ама не беа заборавени ниту оние кои работат во позадина за клубот.

Бразилски џандарски стил

Вие на терен играјте фудбал и бидете умни, а вие на трибина гледајте фудбал и бидете умни. Ќе игра пендракот ако го прекинете.