Нов гол на Бојан Миовски во шкотски Премиершип

Македонскиот репрезентативен центарфор Бојан Миовски веќе на три меча во шкотскиот Премиершип има три гола на своето конто, а еден погодок даде и во Лига Купот на Шкотска со што веќе ги освои навивачите и јавноста во оваа земја. Коментатори од Шкотска тврдат дека ако Миовски продолжи во овој стил, ништо чудно наскоро да го потпишат гигантите Ренџерс или Селтик или некој клуб од Англија.

Абердин загуби 2:3 на свој терен од Мадервил, а Миовски беше стрелец на вториот гол за домаќините.

 

14 август 2022 - 12:10