Организаторот им ја скрати химната во делот за Гоце Делчев, Питу Гули ама дечкиве продолжија со пеење и ја испееа цела химна ❤️
— Кичеецот (@mancesterovec7) August 14, 2022
Браво дечки 💪🇲🇰🇲🇰 pic.twitter.com/uZXOOQAas7
Момците предводени од Раде Стојановиќ ја вратија Македонија во ракометната елита, која последен пат на ЕП во младинските категории настапуваше во 2014-та.
Четворица Македонци беа избрани во Ол Стар тимот. Томислав Димковски кој беше прогласен и за МВП на ЕХФ шампионатот, потоа, левото крило Михаел Тотиќ, десното крило Александар Петковски и голманот Давид Брестовац.