Најмалерозниот голман во Серија А си даде нов комичен автогол

Јонуц Раду е романски голман. Има 25 години. Уште како дете во 2013-та доаѓа во Италија и стигнува до младинската школа на Интер со кој потпиша и професионален договор. Романецот беше на позајмици во Авелино, Џенова и Парма, а сега е во Кремонезе.

На 27-ми април годинава, во финишот на минатата сезона, Јониц Раду доби шанса од тренерот на Интер Симоне Инзаги да застане на голот против Болоња на гости во ситуација кога првиот голман и капитен Самир Хандановиќ се повредил на загревање пред мечот на „Ренато Дал’Ара“.

На тој натпревар Раду направи кардинална, неверојатна грешка која ривалот ја искористи да му даде гол. Интер изгуби бодови и практично тука ја изгуби трката за скудето со градскиот ривал Милан. Раду беше неутешен на крајот од средбата, свесен колку тежи неговата грешка во додавање.

Сега летово го позајмија во Кремонезе, новиот прволигаш во Серија А. И во првото коло од италијанското првенство, гостуваа кај Фиорентина.

Имаше новајлијата преубави 2-2 и голем бод во рака, но буквално во последните секунди од мечот, во 90+5’ минута, Мандрагора од Фиорентина упати еден центаршут а Јонуц Раду сам си ја внесе топката во голот за конечни 3-2 за виолетовите.

А не е дека е слаб голман. Брани одлично, но со карактеристики како легендарниот Шпанец Молина, да одбрани сè и на крај да упрска со некој глупав кикс.

 

15 август 2022 - 11:03