Фантастичниот Давид Поповичи од Романија оствари резултат 46.86 секунди и за пет стотинки го урна досегашниот светски рекорд кој Бразилецот Сиело го поставил во пливачки костим кој подоцна е забранет.
Среброто во оваа дисциплина на 100 метри слободно го освои Унгарецот Криштоф Милак со 47.47 а бронзата му припадна на Италијанецот Алесандро Миреси кој исплива 100 метри слободно за 47.63.